Од хотелската тераса во Охрид  сега го пулат езерото  неоти во неговите бранови  или можеби во ближните егејски бури  ќе најдат некоја капка  од тајната за смртта на Моцарт,  а можеби би одиграле  и една партија билијар  со пластичните бови во сите бои  наредени на езерската плажа.
               
             
           
            
            
              „Ситночекорка“
               од Ристо Лазаров 
              (2012)