Оп, уште една НОВИНА слушнав: денес нашата делегација испратена во Брисел, сложни како тим, успеа да ја протурка Македонија за земја кандидат за членство во Европската Унија.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во септември 2000 година беа одржани третите локални избори.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Ако погледам уште малку ќе ги видам и првите фиданки На таканаречената ботаничка глобализација Која најстрого пропишува краставиците да бидат прави И да не бидат подебели од осум сантиметри Ако сакаат да бидат пропуштени до трпезите на Европската унија Истата мака си ја имаат и доматите, празот и компирите На кои уште незасеани им се дава до знаење Дека во Европската унија сакаат само прави и мазни И кој им е виновен на кривите краставици
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Законот за спречување и заштита од дискриминација беше донесен во 2010 година82 по препорака на Европската Унија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во јануари 2000 година, Советот на министрите на европската унија и даде мандат на Европската комисијата да преговара со Македонија за склучување на Договор за стабилизација и асоцијација.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Уредно и чисто и како додадок е новата зграда на градските власти. Видлив е прстот на Европската унија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нивната безгрижност се косеше со строгиот закон кој ѝ се додворуваше на Европската Унија толерирајќи ги само оригиналите, кои чинеа четвртина од просечната плата на македонскиот работник.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)