европски (прид.) - континент (имн.)

Ваквата состојба се објаснува со тоа што земјата зазема последно место по резервите на слатка вода во не така богатиот со слатка вода европски континент.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Камилски, чувствувајќи дека е на својот добро обработен терен, продолжи: Балканците се свесни дека ги сметаа за други, иако со векови делат заедничка судбина на истиот европски континент, како простор на народи кој не успева да опстане ниту како вистински Ориент, а ниту како рамноправен дел на Западот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да, драги Албанци, за вашата драма треба да знае целиот европски континент.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред британските стратези, во годините по паѓањето на Франција во 1940 година и по германската инвазија на СССР во 1941 година, се поставило прашањето на кој начин Велика Британија, на која во тој период ѝ недостигале сила и војска за да се истовари на европскиот континент, ќе може да го ослаби Рајхот и како да му нанесе конечен пораз на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За реализирање на таа цел, британските експерти одбрале тројна стратегија: поморска блокада, постојани воздушни бомбардирања и „субверзии“ на нацистичката управа во окупираните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како основа за дискусија послужило согледувањето дека Балканот по војната ќе игра важна улога во секој мировен договор на европскиот континент.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како главен центар на европскиот континент служел Лондон, а бил формиран при крајот на 1941 година, со цел да се олесни соработката меѓу сојузничките разузнавачки служби и да послужи како база за преземање шпионски активности и операции во Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од учесниците на тркалезната маса разговорот го започнал Сава Косановиќ, кој нагласил дека Југославија претставува најинтересниот дел на Балканот, бидејќи таа повеќе од две години се борела против окупацијата, а тоа, според него, било одраз на вистинскиот балкански дух.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Одделот за специјални операции (СО) во Лондон бил задолжен за преземање и раководење со саботажи, за помош на движењата на отпорот и на народноослободителните движења, како и за герилски акции на териториите окупирани од силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тие мигови чувствуваше дека без владиката, во сѐ понесигурните времиња, нему му станува сѐ потешко.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така, наскоро дојде до капитулацијата на Италија, до настапот на сојузниците во Сицилија, сѐ почестите англо-американски бомбардирања на окупираниот европски континент, додека на Закинтос се случи примопредавање на власта од солдатеската на Мусолини, на веќе поразуваната, но и раздразнетата Хитлерова војска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Татко ми во младоста ќе се најде во Цариград, на Босфор, крај морето меѓу азискиот и европскиот континент, за конечно да се врати во почетокот на 20-tите години крај Езерото, од кое никогаш и по никаква цена не можеше да се раздели неговиот татко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)