европски (прид.) - идеја (имн.)

Но и него го беше скршило нешто пресилно, во длабочините на непомирливата душа, најверојатно поради гласното искажување на своите ставови во прилог на европските идеи, особено во времето на сталинизмот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа и посебно внимание во дијалогот на двајцата интелектуалци му се посветува токму на Фаик Коница: ...нашиот Фаик Коница во битката на европските идеи не го претопил своето балканство во европејство, за тотално расчистување со својот автентичен идентитет (како што ќе го направат тоа многу балкански интелектуалци, како романските на пример, меѓу кои најкарактеристичен е случајот на писателот и филозофот Емил Сиоран, кој си поставил за императив или да пишува на француски како Француз или да се самоубие), туку останува доследен на своето балканство односно на албанскиот идентитет, јазик и литература, бранејќи ги со своето прво име Фаик Коница; но паралелно останува доследен и на своето европејство (што го искажува со совршеното пишување на француски јазик, на кое му се восхитувал Гијом Аполинер...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се гледа тука постојаната биполарност и осцилирање на интелектуалците од децималните јазици и култури (Анте Поповски), односно нивната Јанусова природа: припаѓајќи им на мали јазици и култури, тие не можат да се откажат од јазикот, митот и колективното несвесно на национот во кој се родени, иако по духот се многу често повеќе Европејци од Европејците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како ретко кој балкански интелектуалец, нашиот Фаик Коница во битката на европските идеи не го претопил своето балканство во европејство, за тотално расчистување со својот автентичен идентитет (како што ќе го направат тоа многу балкански интелектуалци, како романските, на пример, меѓу кои најкарактеристичен е случајот на писателот и филозофот Емил Сиоран, кој си поставил за императив или да пишува на француски како Французин или да се самоубие, туку останува доследен на своето балканство, односно на албанскиот идентитет, јазик и литература, бранејќи ги со своето прво име Фаик Коница), паралелно и на своето европејство (што го искажува со совршеното пишување на француски јазик, на кое му се восхитувал Гијом Аполинер и со своите псевдоними Транк Спироберг, Пирус Бардули и други).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Албанскиот полиграф ја продолжуваше својата ду­ховна борба на отвореното поприште на европските идеи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имаше силна духовна моќ полиграфот Фаик Коница, со силниот заграб на неговиот интелект, да го изведе својот народ од маѓепсаниот источен патријархално-трибалистички круг и да го внесе, макар задоцнето, во поприштето на европските идеи, оддалечувајќи го од феудалниот отомански ментален хоризонт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)