европски (прид.) - дипломатија (имн.)

Престојот во руската престолнина, активното следење на европскиот печат и живиот допир со европската дипломатија во Битола (и посебно со руската, особено по враќањето од Македонија) му овозможија на Мисирков појасно да ги согледа и оние моменти што не беа видливи низ чадот на секојдневните борби на револуционерите. 49.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Спротивставените ставови меѓу раководителите на востанието и бугарскиот комитет “Единство” за целта на востанието резултирало со осипување и расформирање на востаничките чети.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но, во текот на востанието се замешал и бугарскиот комитет “Единство” чија намера била, со оружена акција, да ја предизвика европската дипломатија да го реши македонското прашање во полза на Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
14. Одговор се дава и на прашањето: Дали нашиот народ треба да се надева на помош од европската дипломатија и оделно од Русија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еве што раскажува за тоа Шатев: “Јас и Мечев, додека бевме во Софија, пред да тргнеме за Македонија го прашавме еден наш Македонец, кој добро ја познаваше европската дипломатија, што мисли за нашиот план, опшо земено.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За да ги придобие присутните на Конгресот, особено колебливците, да гласаат за востание, ЦК изјавил дека “ги зел предвид расположението и заинтересираноста на европската дипломатија кон нашето народно дело“, Гарванов се повикал на францускиот амбасадор во Цариград, кој наводно рекол: “Ако во Македонија се дигне едно движење, сигурно ќе и се дадат широки права и дека, ако востанието издржи две недели, Бугарија ќе влезе во војна“79.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Европската дипломатија и европската јавност со внимание и донекаде со загриженост ги следеле револуционерните настани во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како Русија, така и европската дипломатија, би не ослободиле ако има од тоа некаква полза или ако беа присилени тоа да го направат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Поради тоа, основна преокупација на целокупната грчка пропаганда, раководена од Атина и од Цариград, била со неизбирливи средства да ја компромитира Организацијата пред европската дипломатија и пред јавноста како орудие на бугарската пропаганда во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)