Но, нашите чувари на патријархалното чувство на свет веќе одамна се во душевна состојба на прогонети прогонители.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Патолошката душевна состојба на која упатувале тие поими подразбирала истополова сексуална желба, но не се сведувала само на неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Повторно се соочував со вистината дека има во суштината на животот душевни состојби, чувства, пред кои зборовите остануваат немоќни брани.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Неосетно, и телото ми минува во друго, во предмет на уште една слика, можеби насловена „Набљудувач“ или нешто слично, и таму, додека во профил, делумно засолнат со дланките на кои се потпирам гледа во жолт, типичен есенски пејзаж, се чини дека му е добро, иако, што се однесува до мене – кон неговата душевна состојба јас сум сосема рамнодушен.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)