Женската челад и поодаснатите деца (додека дудачињата и малечките спијат во скутовите на мајките и тетките) собрани во женските одаи околу легачите и при светлина од конопени вивки натопени во борова смола се грижат за излезените од дома и му се молат на утрешен Свети Јован Крстител - тој да ги заштити, првин сите другите после и нивните.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Значи, пред да почнеме, да ве потсетам уште еднаш, се викам Ричард, само не сум сигурен дали сум првородениот на мајка или бев втор, трет или четврти дојден на свет (а може имаше и некој друг после мене).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)