друг (прид.) - соседен (прид.)

Најлесно ги купуваше оние парчиња што остануваа осамени некаде во средината на брегот како мали оази, пусти островчиња заградени наоколу сè со имотот на Профим, кој не им даваше пат, не им дозволуваше да газат преку неговиот имот; таквото заробување им го правеше на оние сопственици кои за инает не сакаа да му го продадат својот имотец што Профим, купувајќи ги другите соседни парчиња околу него, му ја стегаше јамката на тоа делче од брегот, и кога сопственикот ќе се најдеше како опашан со змија - ќе попуштеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А такво согласување немаше, зашто Бугарија мислеше да си ја присоедини кон себе цела Македонија сама, без помош на другите соседни и на големите држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јаничарите, веќе исплашени од султановата закана, се сетиле да ги соберат од Кукулино и од другите соседни села сите машки деца од четири до четиринаесет години - доколку ајдутот Парамон не им се предаде или селаните не ја донесат на тепсија неговата глава, тие ќе ги исколат децата и ќе ги обесат нивните главчиња на скопските дрвја, јаболка со мртви очи да се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој и на сегашните јужнословенски јазици не гледа како на три целини, точно разграничени, туку како на синџир дробни наречја што се слеваат едно во друго, како што влегуваат колцата во синџирот од една страна во едното соседно, а од друга страна – во другото соседно колце.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Султанот најпрвин ги прекорувал и им ги зел имотите, шадрваните, коњите и жените, потоа објавил, доколку не му ја донесат главата на ајдутот, ќе ги испообеси на железни куки или ќе ги испофрла во јами со исправени дренови колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еве што означува: Македонците беа крстувани со национални имиња со кои тие се разликуваат од другите соседни со нив народности, т.е. од Турците и од Грците, па и од Власите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овој површен поглед врз историјата на Македонија ми се чини не само што покажува дека ние Македонците си имаме своја историја и дека сме народ чии судбини се развивале во врска со судбините на другите соседни нам народи, но и дека има во нашата историја многу самобитно и своеобразно, како што е, да речеме, самостојната Охридска архиепископија со нејзиното работење полето на народното просветување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)