друг (прид.) - свечен (прид.)

Братск не е многу далеку од Омск, каде што, нели, претстојувал другарот Тито кога џишнувал Сибир и тука, во Братск, саде за братски делби зборат, брат брата не ранел ама тешко кој го немал, луѓето во Братск многу се слични на едни Балканци во изумирање кои само за братство и единство и за други свечени песни од старата татковина кога ќе се напијат си ги кинат грлата – Републико мајко наша, од Вардара па до Триглава... Демек!
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ова е англиски идиом, по потекло од средновековието и означува денови со посебна важност (празници и други свечени датуми).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговата стопанка, госпоѓата Нини, добра, старовремска баба, и ќерка ѝ, веќе окапана девесница, немаа можност да се сретнат со него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Погребот е свечен чин, како и свадбата, како и други свечени моменти“. Постојано го зборуваше тоа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)