друг (прид.) - општествен (прид.)

Но, ваквите премрежиња сами не ја објаснуваат и не ја исцрпуваат привлечноста што двеве сцени од филмовине ја имаат за гејовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Станувањето геј е таинствено бидејќи – за разлика од станувањето Американец – не се одвива преку примарна социјализација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Родителите и децата не ги учат децата како да бидат геј онака како што ги учат да бидат Американци. (Иако понекогаш децата ги учат како да бидат стрејт на начини што толку силно им се удираат од глава што слободно може да се каже дека, всушност, ги учат децата како да бидат геј).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тие се склони погрешно да ги препознаваат или да ги одрекуваат видовите на културни практики во кои се впуштаат и ефектите што ги предизвикуваат тие културни практики.357 Хетеросексуалците обично не си велат себеси дека, кога гледаат филм како Титаник, всушност, се дале на иницијација во културата на хетеросексуалноста, на воведување во една многу конкретна идеологија за романтичната љубов како извор на спасение и во буквално катастрофален модел на женствениот родов идентитет како некаква несреќна состојба од која треба спас („ме спаси, во секоја смисла во која може да се спаси човек“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го дрпнал од филм – поточно, од филмската верзија на еден бродвејски мјузикл за Американската револуција, 1776.324 ‌Даглас Кримп, кој го раскажува настанов и ја дава подлогата што ја резимирав, тоа го прави додека страсно и силно се залага за темелење на напредната политика не врз идентитетот, туку врз идентификацијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што џезот и хип-хопот првобитно ги измислија (како веќе композитни форми) Афроамериканци и исто како што и тие се обликуваа, вирееја и се развиваа во и преку животот на таа конкретна општествена група – за на крајот да ги преземат и други, кои понекогаш ги вградуваа во нови и хибридни форми, а понекогаш ги разводнуваа речиси до непрепознатливост – така и кампот за првпат го разработија геј-мажите како колективна, внатрегрупова практика, пред да си го преземат и други општествени групи за сопствени цели, откако му ги препознаа субверзивниот потенцијал и широката применливост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со таквата нагласка, тврди, ќе може да се избегне предизвикувањето на оној вид недоразбирања и напнатости кои доведоа до политички судири меѓу разните групи погодени од ХИВ/сида во САД на почетокот од 1990-тите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Моделот на Кримп за идентификациска, коалициски заснована настрана политика – политика што може да ги премости раседите меѓу родот, расата, сталежот, сексуалноста и другите општествени разлики – е резимиран во самиот наслов на неговиот оглед: „Toa, женска!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Убиство е токму она кон што ќе ве доведе целосното отсуство на кампот. ‌Истава поента одново ја изнесе Рајнер Марија Фасбиндер, во својата филмска адаптација на Керел (Querelle) од Жан Жене, роман што само оди чекор понатаму во трансформацијата на Мелвиловата приказна од морална порнографија во геј-порнографија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А, кога зборуваме за геј-порнографија, поуката што ја извлеков од Мелвил сега сјајно, иако не сакајќи, ја илустрира упадот на Крис Ворд од 2008 година во каубојското порно, До последниот маж (To the Last Man), „вестерновски еп“ во кој сижето е наточкано со низа драматични убиства – нешто ново во геј-порното – небаре ништо помалку од тоа не можело да ја гарантира машкоста на машките ликови кои на платното имаат секс еден со друг. (Ворд, меѓутоа, објавил и ненасилна верзија од филмот за оние поситничави или морално построги гледачи, кои си сакаат геј-сексот да им биде машки, но не баш до точка на убивање).250 ‌Поларноста на настраниот сензибилитет и на сексуалната желба ги потсетува тие што учествуваат во машката геј-култура дека се неизбежно заплеткани во родовите вредности, еротски дихотомии и други општествени значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќето други општествени групи – било малцинските групи како што се Афроамериканците, било мнозинските групи, како што се Американците без предзнак – се иницираат во своите култури и дома и на училиште, како и преку телевизијата и преку филмовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ајде да разгледаме некои други општествени размисли. 12 МАЖИТЕ ПОСТАПУВААТ, ЖЕНИТЕ НАСТАПУВААТ ‌Д. А. Милер има поинакво објаснување за особениот ужас што го носи материјалното отфрлање, барем за некои геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, може да го изразува и неговиот несигурен и амбивалентен однос кон семејната форма и кон самата хетеронормативна култура: неговиот истовремен презир кон хетеросексуалното семејство, кон неговите вредности, кон неговиот симболизам и неговата емоционална клаустрофобија, од една страна, и, од друга страна, неговата натамошна опфатеност во угледниот и достоинствен облик на живот кој семејството го претставува и во стегите на љубовта кои тоа ги воспоставува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“ Ова мелодраматично бодрење не искажува толку визија за солидарност меѓу геј-мажите и нивните лезбејски и феминистички сојузнички колку што упатува на облик на камп-солидарност меѓу самите геј-мажи, облик на солидарност што може да ги признае – и да ги мобилизира политичките енергии на – женствените идентификации на геј-мажите, вклучително и на женствените идентификации на филмските кралици и обожавателите на Џуди Гарланд, каков што бил Вито Русо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во конкретниов случај тој страв го нашол својот израз во, како што и самиот збор вели, стравопочитта спрема институцијата професор, како инстанца на авторитет, кон која студентите се однесуваат исто онолку недискутабилно како што, како општествени субјекти, се однесуваат и кон другите општествени и политички институции.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Иако пропустливоста на меѓународната граница можеби е зголемена, таа сѐ уште е детерминирана од класата, националноста и другите општествени „скриптови“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Меѓудржавните граници не се само средиште на националниот идентитет, туку и на меѓународниот систем (политички и економски) и на глобалниот режим за мобилност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)