друг (прид.) - негов (прид.)

Сам султанот, со бројната послуга, со харемот и нејпочестените високодостојници, се смести во господарската зграда, додека другата негова придружба, соколарите и гардата, распна шатори на Зедница и во Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, со што се превезуваат жителите на овој град, од едниот до другиот негов крај? ...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неговото незадоволство од ова дело се должи и на фактот што тоа толку очигледно зависи од идеи претходно развивани во други негови дела, така што во него е неизбежен извесен степен на повторување, постапка од која Дишан се згрозуваше.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа може да се однесува на нејзиниот безобразен наслов, кој ако се комплетира, би гласел “Tu m’emerdes” (во слободен превод: “досаден си како пролив”).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За да бидам она што сум, одговори другата негова половина. Оче Симеоне, дали за тоа? праша.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Иако од акциите на атентаторите најмногу настрадал француски капитал, и според тоа Стег имал право да биде поогорчен од другите негови колеги, сепак тој се покажал релативно пообјективен и при опишувањето и при оценувањето на настаните.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Марија, отвори, го чу тој другиот неговиот глас. Отвори и објасни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Полињата кои периодично се повторуваат во Метаморфоза, како и во другите негови дела, секако содржат навестувања за бесконечното, меѓутоа постојат некои други негови цртежи каде визиите за бесконечното се уште поделирични.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дража Михаиловиќ и четниците биле промовирани како единствени носители на отпорот во Југославија, и покрај тоа што на другата страна се наоѓале партизанските единици, кои биле организирани и раководени од Комунистичката партија на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британските воени мисии од септември 1941 година биле присутни во штабот на Дража Михаиловиќ и во некои други негови единици, на кои им испраќаа како воена така и материјална помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Петте старци, тајно селско правителство и таен суд за селанските судири и недоразбирања, ги составиле главите, од нога да решат заслужува ли Јаков парче негова вила со три запци да му стане судија, суд, судбина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веднаш, мислиш ја знаеле пресудата уште пред настанот, се одвоил еден сув и висок, целосно ист и исто облечен како и другите негови врсници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бреза веднаш се искачи на високите столови крај шанкот, а јас застанав од другата негова страна, каде што обично гостите ги послужува шанкерката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа ја префрли едната нога на другото негово колено и, не тргајќи го погледот од него, почна да ја исправа главата како да го прашува дали да му скокне во скутот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа го гледа со чудење и му вели дека тоа е нејзиниот омилен режисер; тој ладнокрвно се насмевнува и почнува да набројува и други негови филмови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Порано и баба ѝ и дедо ѝ живееле во таа куќа, но сега тие живееле со другите внуци.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се најде во голема дилема.. не, Нина е многу зборлива, може не сакајќи да ја открие пред другите неговата реакција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На едниот беше испишано името на жема му, а на другиот неговото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)