друг (прид.) - мариовски (прид.)

Бидејќи од ова село имаше само седумосум ученици завршени четврто одделение, при Архиерејското намесништво се отвори пансион за децата од другите мариовски села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И, додека Јован кондиса со својата чета по Витолишча, Жиово, Врпско и Полчишта, Стојко Цицо ги фати Бишишта, Градешница, Старавина и другите мариовски села што тргнаа на грчко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Домашниот есап никогаш на пазар не излегува, но затоа тука е бацко Пере, бацко Петруш, бацко Алекса и други мариовски пријатели, та ќе ги сосаат луѓето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ја издутнаа полчивци сите здрави, сите живи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Каленци, Крушевичани, Чанивци, Пештанци, Вепрчанци и други „прекуреканци" останаа испретепани во Дуње да ги ложат бабите со кромид и сол, а дунските сиромаси што немаа да платат, ги собра Мефаил со него да ги тепа во другите мариовски села и со нив да ги плаши тамошните сиромаси.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе а истутнеме зимата со овој човек,— се тешеа сите полчивци кога слушаа што се прави по другите мариовски села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сосем ретко некој успеа да се промолкне од обрачот и да се спаси за да ја однесе страшната новина по другите мариовски села.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По таа причина во групата П’чивци имаше и два-триесет деца, а исто така во оваа група продавачи беа замешани и селани од другите мариовски села, кои не се мешаа со оние од полето, бидејќи последниве беа веќе беговски чифчии, а тоа ќе рече – робови, а првите се сметаа за слободни, та за секој случај и секаде стоеја одделно, па и сега.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)