друг (прид.) - жив (прид.)

Сестра му ја осети работата и, чувствувајќи се виновна, гледаше да му ги ублажи болките и сама одеше кај татка си и го земаше Крлето оти сама ја страеше да лежи, бидејќи нејзиниот Трајко беше цело време на колибата, а дома немаше други жива душа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Над нивните глави, на небото често бучеа авионите, одоздола можеше да се почувствува тресењето на земјата од тропотот на возовите и камионите што се движеа по мрежата на железничките линии и автопатиштата, и челичните и цементните краци на индустриските гиганти сè повеќе ги проголтуваа, а само од преживеаните соседни шуми птиците од фармите и другите живи суштества, кои ги исполнуваа бавчите на семејството Адам, беа еден вид природна заштита за да не се скине папочната врпца на човекот со природата и нејзините мистерии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секоја друга жива здивка се потпикнала некаде и молчи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ете, покрај се, останав и јас и стотици други живи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Господи, ако веќе си го обдарил со свест за себе и со поинакви очи од другите живи нешта, зошто тогаш кусиот живот си му го претворил само страдање?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
-Причина за гордоста е самољубието, а гревот е последица на тие две нешта – одговори старецот, продолжувајќи:- Ако човек се сака само себеси, не може да ги сака другите живи суштества.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А кога резултатот станал многу очигледен, барем за него ако не и за другите, Иван Степанович решил да го реализира она што никој дотогаш не го поврзуваше со неговото име; побрзал да го оневозможи идното споредување на неговиот син со друга жива личност надвор од семејството.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Којзнае колкава била изненденоста па и уплашеноста на Иван Степанович кога во очите на својот толку очекуван син наеднаш го открил погледот на Генералот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И натаму на дофат му останаа книгите за миграциите на луѓето и другите живи суштества, посебно јагулите, кои продолжија да ја залажуваат неговата надеж за заминување, надежта да ги следи на нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)