друг (прид.) - голем (прид.)

Татко јасно сакаше да покаже, оправдувајќи ги своите подлабоки мотиви во проектот, дека и тој би можел да се вброи во традицијата на балканските и посебно албанските интелектуалци, дека на Балканот постои и една друга голема култура на луѓе кои црпеле како од европската западна култура, така и од источната исламска култура која ќе ја донесат Османлиите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Демократските традиции на францускиот народ и силно изразеното прогресивно мнение се сметале за извесна гаранција дека атентатите ќе наидат на поголемо разбирање во Франција отколку во било која друга голема сила.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И Ламсдорф и владите на другите големи сили, на прашањето: каков став ќе заземат кон едно евентуално востание во Македрнија, едногласно одговарале - ќе ѝ дадеме слобода на Турција да го задуши.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Русија и Австро-Унгарија, со помош на другите големи сили, македонското прашање ќе го решавале преку спроведување на реформи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како пример, тие ги посочувале годините на распаѓањето на Османлиската Империја при крајот на XIX век, кога претходниот сојуз меѓу Русија и Австро-Унгарија се претворил во отворено ривалство во кое секоја сила настојувала да ја добие контролата на Балканот".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Имено, „историскиот интерес на Русија на Балканот отсекогаш се манифестирал во определбата дека ниту една друга голема сила не може“ да доминира на тој простор, бидејќи „тоа би претставувало стратегиска закана за Русите“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Признавам тој час и моето срце не беше многу мирно, ме опфати силна возбуда, никако не можев да го совладам, бев присилен да викнам: - Да живее! -и некои други големи работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Овој огранок на едно од шесте најголеми семејства во Албанија (барем така се веруваше во семејната легенда), по престојот во Влора, на крајот ќе се најде во Тирана, обединето но без Мајка, која ќе следи друг пат на судбината, мажена кај Сул-Старови, кај друго големо семејство на Албанија, во крајезерскиот Поградец...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ова училиште кое беше познато како Женска гимназија која, подоцна, го доби името на маршалот Јосип Броз Тито, покрај другата голема Машка гимназија која го доби подоцна името на народниот херој Цветан Димов, имаше свои одбрани ученици, но и добри и угледни професори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нееднаквоста во различните видици на човекот е неизбежна и дури добредојдена; тоа е основа на каков и да е богат и комплексен живот. штетна е само онаа нееднаквост што ја негира основната еднаквост на постоењето.” (Williams,305) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 107
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеме да кажеме дека Hogart и Williams рано осознале некои од битните недоречености на популарната култура што подоцна ќе им одат толку на нерви на нејзините клеветници и клеветнички.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На слични мисли налетуваме и кај другиот голем класик на културните студии Raymond Williams во делото Culture and Society 1780-1950 (1958), каде што ја проблематизира збрката до којашто доаѓа при употребата на зборот еднаквост: “Единствената еднаквост што е важна и возможна е еднаквоста на постоењето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)