друг (прид.) - важен (прид.)

Железничката пруга СКОПЈЕ-КИЧЕВО повторувам СКОПЈЕ-КИЧЕВО. (Два) Железничката пруга ПРИЛЕП-ВЕЛЕС повторувам ПРИЛЕП-ВЕЛЕС.(Три) Покрај горните комуникации неопходно е во споменатиот период од 1 до 7 септември да преземете акции и на другите важни комуникации така што непријателските комуникации да бидат парализирани.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тука тие се заинтересируваа за прашањето за нивната народност, за српските филолошки и историски аргументи за нивната народност, за српскиот патриотизам и за неговото крајно изразување во вид на шовинизам или слепо претпочитање на своето пред туѓото, за причините на српскиот шовинизам, за улогата на Србија во сегашно и во идно време во македонското прашање и за многу други важни и интересни прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еден друг важен дијалог во филмот се одвива на следниов начин: “Ја гледам најсмелата и блескава иднина пред нас”; “Јас пак ја гледам најсмелата и опасна иднина пред нас”; “гледам слава”; “јас пак гледам бесчастие”; “го гледам падот на нашите непријатели... го гледам задоволството на нашите непријатели... ќе бидеме богати... ќе бидеме кутри... среќата ќе биде моја... бедата ќе биде твоја... ќе имам злато... ќе имаш смрт...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Друг важен фактор е и објективноста. Во денешниот свет сѐ поголемо значење добиваат јавните медиуми, особено телевизијата, како главни обликувачи на јавното мислење.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Циркуларното писмо со кое Гарванов го свикувал Солунскиот конгрес било испратено на 24 декември 1902 година, тукуречи веднаш по задушувањето на Горноџумајското врховистичко востание, но и веднаш по еден друг важен настан.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Социологијата нуди еден информативен, мудар, просвет­лу­вачки коментар за секојдневното искуство - коментар што станува составен дел од тоа искуство и на тој начин збогатувајќи го, ширејќи ги хоризонтите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Меѓутоа, социологијата игра една друга важна уло­га, поинаква од споменатата, и која доаѓа до својата зрелост токму во перио­дов на постмодернитет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Лауданум: го уживал Колриџ и Клајв и други важни луѓе од сите видови.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од овие причини, откако според мислењето на владарите од наша крв со другите владари и почитувани од нашето кралство и другите важни и угледни лица од државниот совет што беа присутни, добро и совесно ја разгледавме и проучивме цела работа, со оваа изречена, прогласена и наредена конечна и неотповиклива одредба изјавуваме, прогласуваме и наредуваме:
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И на нашите највисоки државни тужители, ниту на кое и да е друго јавно или приватно лице тоа нема да им биде возможно или дозволено, кога и да е или во каква и да е прилика тоа да се спомнува, обвинува или прогонува на кој и да е суд или судска власт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
I. Прво, споменот на сѐ што се случи на едната и на другата страна од почетокот на месец март 1585 до нашето доаѓање на престолот и за време на другите претходни нереди и за време на овие, да биде збришан и згаснат, како нешто што не се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)