друг (прид.) - бел (прид.)

— Откаде боже златен, вие пари?, — се чудеше пуста му мајка кога ѝ се фалеше и дури ѝ потфрлуваше по некој и друг бел черек. — „Откаде му се“?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никој не можеше да разбере што се случува во гра­дот, не можеше да го разбере скриеното значење на оваа козја наезда, за некои окупација, за други бела окупација на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога во куќата, меѓу подароците, се најде поповиот главурдест јавач од јасеново дрво, музикантот се закикоти покажувајќи им ги на општо задоволство на децата забите обложени со челик или сребро или некој друг бел метал и се обидуваше со здравата нога да ја допре под маса стапалката на невестата: кумови се, значи род со различна крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Заправо, секаде каде што Турците сакаа Јован гледаше за себе да си направи разонода и да земе по некоја и друга бела меџудија; „за да ѝ купи на „посестримата“ локум, чешел, огледало, та дури негде такцуам и в'нени шамии".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)