Сѐ додека оној ден, кога сосема во невреме, младичот сета утрина остана во дуќанчето, иако утредента требаше да го положи последниот испит; остануваше така шетајќи се нервозно од едниот до другиот ѕид, а не велејќи за тоа ништо, сè до тој ден, кога сосема во невреме не почнаа од вратата на тутунската фабрика да наизлегуваат разјарените луѓе во сини комбинезони, прво една сосема мала збиена група, а по нив една цела река, дофрлајќи по нешто гласно преку рамената, сите со онаа разјареност во погледите како еден човек, како еден разлутен човек, кој треснал од земјата сè, кој повеќе не може да поднесе нешто да се продолжи да се прави со него, кој се свестил дека е ограбен, и кој што има тука да го каже и својот збор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По другите ѕидови беа наредени, не обесени туку само потпрени, слики со лице кон ателјето - за гледање и слики свртени кон ѕидот - дел незавршени а дел не за продавање.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Потем тој ги бришеше уште неколкуте слики, на кои беа насликани убави коњи, што висеа пониско на другиот ѕид.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На средето куќата се дели на два дела, но не со преграда, ами со една долга греда колку што е широка куќата (колку да се знае оти е разделена) спружена од едниот до другиот ѕид поземи, таа греда се вика „долното било“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вангел Русјаков е сосема до неа, тие безмилосно навлегуваат во неговите очи, ете, да не е оваа шамата што ја накрена жена му, ако ја пружи раката ќе стигне до разделот, ама од пусти срам, а и поради тоа што таму од кај другиот ѕид ги должеа вратовите машките на Коста Ципата, се заврте на кај Милка, се сви околу неа како колак и чиниш веднаш продолжи да спие.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кметскиот отстапи дури до другиот ѕид, левата рака ја држеше крената на гради како за одбрана, а во десната ја стискаше уште посилно чантата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Два кревета беа наместени во аглите, до другиот ѕид касела, на среде тркалезно масиче, на кое стоеше албум со слики.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)