Додека јадеа и богато беа опслужувани со вино што калуѓерите им го туриваа стоејќи простум крај масата, игуменот им раскажуваше и за други чудесија на свети Наум кој на умобoлните луѓе им го враќал умот и разумот; многу сакати луѓе - проодувале; неми прозборувале; слепи - прогледувале.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Имаше и други чудесија во Берат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Прашањата ми се сосема конкретни – најпосле Грофот ги крена очите од ноктите и ме погледна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како да беше на трага на моиве размисли Грофот не пропушти да ми рече дека во нашите затвори насилствата се избегнуваат. – Верувам дека е така – реков додека го наслушнував во мислите гласот на Катерина, а креатурите по ѕидовите покрај кои предмалку поминував, и самите зачудени од гласот или од некоја друга чудесија што мене не ми паѓаше в очи ми мавтаа со рацете, ме предупредуваа или ме насрчуваа, не бев сигурен, и наеднаш до мене втаса и гласот на Грофот но исполнет со зборови што не ги разбирав. – Мислам дека не сум сигурен што рековте – замолив да ми објасни.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)