Ако се елиминира секоја друга функција на сувенирот (естетска, идеолошка, психолошка и.т.н.), сувенирот претставува најчисто отелотворување на времето и местото воедно.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кога продуктот е резбарија на карпа или слика на животно, малку има сомневање дека целта е нејазичка (иако не може со сигурност да се зборува дали има естетска, религиозна или некоја друга функција).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
20. ЈАЗИКОТ КОСКИ НЕМА, НО КОСКИТЕ ГИ КРШИ - така да беше денеска многу ќе имаше и мрши, но, еве, тој е хуман и друга функција врши: му мести коски на светот за утре да ги скрши...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Така лостот е симулација на човечката рака: тој ја преувеличува функцијата на кревање и ги занемарува сите други функции на овој екстремитет.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)