Ако се прибере народот сигурно ќе и бараат бунтовниците, а ако не се прибере — отиде селото, — им објаснуваше Трајко и ги кршеше прстите, молејќи секого да ги прибере своите домашни што побргу. Co група од пет шеесет луѓе и жени Трајко дојде кај ужина пред конакот и го замоли својот стар пријател Арслана да му даде мувлет до утре и изим да распрати луѓе по мегданот, да го прибере народот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги обиде и сите селски улици, викајќи си повеќе за себе отколку за селаните, и веќе тие што беа скриени во јамите, во племните и амбарите, во кочините и разни други скривници, почнаа да излегуваат, прашајќи го што стана, како стана и што мислат сега агите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)