Макар што не е баш јасно дали очајниците се на морската шир или во некој од романите за почетокот на дваесет и првиот век, Габриел Гарсија Маркес, кога би бил во дворот на куќата во Картагена секако ќе им викнеше дека кој има многу ѕвезди и губи многу ѕвезди, Гбриел Гарсија Маркес, малку омлитавен и многу задишан, бездруго ќе си спомнеше и на неговите тажни курви, ќе го отклучеше чекмеџето и со други сеќавања, задолжително ќе излупеше една банана од плантажите кај Аракатака, ех, од Аракатака, вака така до врвот на сопствената мака - нема белки овој свет да стане мал крематориум на големи соништа.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)