друг (прид.) - сенка (имн.)

Некаде околу полноќ преку мовчето крај тополите помина друга сенка и отаде низ бавчите накај колибата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Заборавил дека е стражар и пак се сновел околу куќата до ненадејно судрување со друга сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Премреже, несреќичка: вчера се котел и плачел над Калпаковиот гроб, денес станал питач по женско месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина сенката не беше како сите други сенки, но сепак беше сенка. Еве каква сенка...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Другата сенка промрори нешто нејасно и се наведна, останувајќи без глава.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И кога ѝ беше мачно во животот, во меандрите на осамата на староста, таа, да ја оставиме во нејзиното „гнезденце“ („furiqkёn“), во која извираше светлината на нејзината душа, која не поднесуваше никаква друга сенка, па дури и од своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Ќе влеземе ли заедно?“ „Не“, се слеа со тој шепот и шепотот на другата сенка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Тој рече дека уште еднаш ќе се сретнеме со тебе“ , се согласи една од сенките. „И не прати по ѓаволите“ , се огласи и другата сенка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)