друг (прид.) - светец (имн.)

Едни ги пикаа своите годиначиња во градите, а тригодишните под широките кошули и така клечеа врз нив како квачки врз пилиња; други ги криеја децата зад иконите; една го кладе детето во камарата каде што попот врши проскомидија; друга го бутна во мазгалката зад иконата на св. Илија, а сите зедоа в раце по една икона, натпреварувајќи се која да ја земе иконата на Ристоса, св. Богородица и света Петка, надевајќи се дека нивната сила е поголема од онаа на другите светци, та белким и ќе ги заштити барем децата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Им го покажа и иконостасот работен во длабока резба, богат со орнаменти на фауна и флора, со позлата и со живописни икони: распетието Христово, Влегувањето во Ерусалим, Лазаревото воскресение, Раѓањето на Богородица, Собир на Архангелите и други светци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)