друг (прид.) - родител (имн.)

- Никогаш не си ме контролирала дали учам и колку сум научила, никогаш не доаѓаш во школо, освен на родителски состаноци, а другите родители постојано „киснат” и се распрашуваат кај наставниците за нивните деца.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тогаш Мајка се сврте, како да сакаше да види друг родител, зашто не веруваше дека се зборува за нејзиниот син, за неа. Но брзо се созеде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Двајцата седеле во последната клупа со другите родители во чевли со изедени потпетици, накриво, во народни носии, зашто тоа им било најново.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Никогаш кога излегувам надвор не си ми рекла кога точно да се вратам, па ако не те послушам, да се лутиш, да правиш проблеми, да не ме пуштиш следниот ден... сите така постапуваат со своите деца, само ти и тато не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нема да можеш да општиш со младата по дома, туку само во кола на некој запуштен паркинг зашто секогаш едно ќе биде со температура, па ќе биде дома, или сите ќе бидат здрави, ама барем две ќе бидат тажни дека им фали оној другиот родител што не е дел од ова, закрпеново семејство.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)