Но битката за власт и различните процеси за нова прерасподелба на овој авторитет претставуваат денес во Русија секојдневна преокупација.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бојс, кој не гледа со рамнодушност на фотографијата од фронтот, како во слободен простор меѓу некаква уметничка верзија на „У-87“ и вистинска воена машина, не потпаднал ниту во едната ниту во другата реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оваа кожа е истовремено удобна и агресивна како и хипостазата на руската свест: традиционален занес и мазохизам, русофилско непријателство и лошотија, едното и другото спротиставувајќи се меѓусебно без причина.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Човекот прв пат во својата историја доаѓа до личен впечаток дека душевното доживување може да се предизвикува по желба, а дека дрогата е најлесен начин да се дофати друга реалност, било како засолниште било како инспирација за уметничко творење.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Гласно изговорените зборови на шерифот Арслан, за момент ги вратија во една друга реалност.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
(Тоа воопшто не беше вистина, и јас не знам за таква епизода во Декамерон; и до ден-денес не ја сфаќам смислата на таа импровизација на Земанек, која набргу стана моја реалност, и јас ѝ се покорував, како и на секоја друга реалност!)
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Фантазмот на двојникот кој со помош на развиената технологија на виртуелната стварност ќе се оствари во иднина, дополнително потврдува дека телото набрзо ќе делува и во некоја друга реалност, дека најпосле ќе се одомаќи во една информатичка материја којашто со себе носи поинакви физикални законитости.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Беше тоа сложена позиција за дипломатот кој некогаш бранеше една а сега друга реалност? Беше тоа помалку невозможна мисија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Требаше на старите пријатели да им се објасни зошто се распадна Југославија, земјата симбол на неврзаноста, зошто не се најде конфедералниот излез, зошто се водеа братоубиствените војни?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Брат ми се насмевна. „Иако тоа не е точна констатација, убаво звучи: Убавината е единствената утеха на овој свет.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оној нејзин поглед упатен кон хоризонтот надвор од сликата можеби е поглед во некоја друга реалност, таму каде што сѐ е сочувано, и каде што сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде, ја добива својата вистинска смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа гледавме во „Распетието“, во лицето на Исус на кое има само помирување со ужасот, во лицето на неговата мајка полно со ужасен очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Еве, ова го очекуваат луѓето од религијата – ваква родителска заштита,“ рече Зигмунд, покажувајќи кон сликата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оној нејзин поглед упатен кон хоризонтот надвор од сликата можеби е поглед во некоја друга реалност, таму каде што сѐ е сочувано, и каде што сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде, ја добива својата вистинска смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во материјалниот свет сѐ е една голема неправда, а бидејќи не знаеме дали по ова постоење ќе постоиме во некоја друга реалност, во некое утешно постоење, единствената утеха на овој свет е убавината.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Времето на козите е дело кое успева да покаже дека има и друга реалност, како што истакнуваат Бодлер и Маларме, реалност од надрелистичка природа според Супо и Бретон, или реалност која може да биде и „магична” од видот што ја покажува Маркез во своите романи: книгата на Старова ги расветлува табуата, но тоа е и една нежна книга, неагресивна книга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Распнат помеѓу големите идеи за империите и за границите умеејќи да најде излези на хартија, како што често и му велеше Мајка, тој се соочуваше со нивната друга реалност во конкретниот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)