друг (прид.) - пригода (имн.)

Астраганката ја остави дома, за некои други пригоди, за во друго време.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Другпат можеби, во некоја друга пригода за тоа, сега сакав да си спомнам на првата средба со Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но за тоа можеби во друга пригода.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе години, се документирам во пишувањето и на романот Тврдина од пепел, за кој ќе ви пишувам во друга пригода и очекувам да го завршам идната година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа сигурно во својата меморија ја задржуваше повеста за времето на козите и прашањето за нејзината автентичност, но ја задржуваше и за други времиња, небаре да ферментира во нејзината свест и да ми ја изложи неочекувано во друга пригода и со сосем подруг контекст од очекуваниот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во една друга пригода ќе ви раскажам за тоа, но најсилен впечаток ми направи враќањето од Поградец кон границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе ви пишувам и во друга пригода за објавувањето на оваа и другите книги кај Фајар...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине ...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На асфалтниот пат имаше неколку железни ознаки, на некогашните челични столбови на балканскиот ѕид.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За мојата италијанска евазија ќе ви пишувам во друга пригода...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Каква игра на случајот, блиските Врионовци, по мајкина линија и блиските Окијаревци, по таткова линија ги зближуваше пријателство, за кое дознав многу, многу години подоцна, за што ќе ви пишувам во друга пригода.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување; - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација; - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ; - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но очекуваше друга пригода, во некоја вечер на чарадакот, да си го раздиплат минатото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)