друг (прид.) - приврзаник (имн.)

Идентификацијата класично ја дефинирал Фројд како желба да се биде, а не како желба да се има, но мошне е неизвесно дали геј-мажите (или другите приврзаници на геј-културата кои ги возбудува Милдред Пирс) буквално сакаат да бидат Џоан Крафорд – колку и да уживаат во чувството кога се проектираат себеси во нејзината персона или кога се замислуваат себеси во нејзината улога.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Татко уште во младоста, кога го совлада францускиот јазик, дојде до книгата на Фаик Коница, пишувана под псевдонимот Пирус Бардхули (Pyrrhus Bardhyli), Essai pour les langues naturelles et les langues artificieles, (Брисел, 1903), со која сакаше да им зададе конечен удар на есперантистите и на другите приврзаници на вештачките јазици во големата меѓународна полемика, поддржан од Реми де Гурмон и Гијом Аполинер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како и многу други приврзаници на легализацијата на тешките дроги, Бендоу постојано, иако без докази, повторува дека поголемо зло претставуваат проблемите кои произлегуваат од забраната за уживање дроги, отколку од самата нивна употреба. Таквиот став ми се чини многу наивен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Клучниот проблем во врска со легализацијата (која се содржи во тоа што нејзините заговорници ги предвидуваат можните негативни последици, а ги преувеличуваат можните позитивни), претставува тоа што легализацијата на продажба на тешки дроги неминовно би довела до зголемување на потрошувачката, а што најскапо би го платиле најсиромашните и најзагрозените општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бездруго, мој пријателе, анонимниот Балканец Фаик Коница, односно Европеецот Транк Спироберг, имал и други приврзаници на своите идеи покрај, се разбира, Гијом Аполинер и Реми де Гурмон? запраша Камилски, веќе внесен во проблематиката, но без да насети каде цели Татко со историјата на оваа полемика во едно далечно и друго време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, тоа навидум самоуверено тврдење не е одраз на фактите, туку на желба – и тоа желба што не е многу изгледно дека ќе се оствари наскоро. ‌Дури не е ни извесно дека поимот „идентификација“, позајмен од его-психологијата просто затоа што е згоден, досегнува до она за што навистина се работи во внесеноста на машката геј-култура во ликови како Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За голем број геј-мажи, Џоан Крафорд, Голден грлс (‘Златни девојки’), Лејди Гага и многу други камп-икони и натаму имаат извесна моќ и привлечност, иако главнотековните геј-коментатори како Саливан, кои би сакале да не е така, тврдат дека немаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)