Лишките немаат врска со оваа работа, вели налутено Максим и во истиот миг се прекорува себеси што откако се заветува зимоска дека еднаш ќе го отепа кобникот од Камен, а не го стори тоа, не се стори ниет ни да се сети на него, а еве сега на друго си помислува, поправо зад друга помисла се затскрива: и да го отепаше, и да разгласеше дека е бувот отепан, луѓево пак ќе веруваа дека тие, лишките, им ја донесле оваа несреќа, а не тој, Лазор Перуноски, во час на пијанство.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Еднаш ја прашав: - Се има некој обидено да те убие?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Затоа и не ја изреков онаа друга помисла што ми се чинеше прилично важна, она: дека секоја вознемиреност или воодоошевивање како и причините за сите наши болки, може да го издолжат или да го скратат траењето на времето!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но онаа друга помисла, дека бил отфрлено новороденче затоа што бил несакан нов живот, го здоболувала до смрт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ќе додадам уште дека првата вечер во воденицата, Иван ја прескокна вечерата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Паметам, друга помисла не ми идеше на ум освен онаа: што ќе се случи ако засекогаш ја загубам?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таа болка до смрт го повела да скокне во Дунав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)