Како што наскоро ќе патуваме на Месечината и на другите планети и при телефонски разговор ќе се гледаме еден со друг, така човекот со својата свест ќе го прави тоа што го прави со својата коса: не тоа што таа го сака, туку она што тој го сака.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Желба на црните инсекти за пространите пејсажи на другите планети...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога ќе го споменам своето интересирање за печурките, повеќето луѓе веднаш ме прашуваат дали сум имал некакви халуцинации.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Денес слушаме за биохемиските експерименти во кои се користи amanita mus- caria или други халуциногени печурки, или дроги синтетизирани по нивен пример - за експериментите во кои професорите, студентите и криминалците стануваат привремени шизофреничари, понекогаш заради ново искуство, другпат за чисто научни цели.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Реакциите на критиката беа различни, и тоа екстремно.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Можеби несвесно емитуваат сигнали, можеби потреперувањето на нивните мускули, по неколку светлосни години, ќе предизвика нежна вибрација на некоја друга планета.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На фотката се гледа како Dr. Ackerman и Rhoda заедно седат во некоја чекална, но можно е да се работи и за некоја друга планета.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Нема ништо интересно (барем за мене), освен компјутерската обработка на изметот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во мојот најдоа интересни честички (мутации од патот?) и затоа сакаа да ме транспортираат со интерпланетарниот „издувен“ топ на другата планета.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сите овие небески појави го имаат потеклото во правилноста на движењето на Земјата и другите планети, кое пред повеќе од 300 години го објасни Исак Њутн во своите закони за движење и во теоријата за гравитација.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во човековата свест, можеби во секоја и во сите времиња, се крие географско парче на непозната или пронајдена почва на оваа или некоја друга планета, што еднаш, првпат, се запознава со соништата со најневините години.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
За тоа време ние одамна ќе можевме да отидеме во друг град, друга земја, на друга планета.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ми иде да се преселам на друга планета каде што луѓето не мислат дека филмов е смешен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
По патот уште нема ниедна кола, за змиите и гуштерите не е доволно стоплено, во тревата на ендекот шушкаат по некоја желка или еж, свиоците ги сечат не мачки ами зајаци, а понекогаш на асфалтот ќе истрча по некое срнче што си ја изгубило врвицата меѓу дрвјата па повеќе зачудено одошто исплашено те гледа на патот како му се доближуваш, небаре срнец од друга планета.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Што се тие? Дојденци од некоја друга планета!
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Па кој паметен кај нас не го помислил она што и Крлежа во не толку далечната четириесет и трета: “Веќе со години се прашувам зошто не сум отпатувал од овој мал град каде што сѐ ми е туѓо (...) Тука сум туѓинец како да сум допатувал од друга планета, и тука јалово се тормозам со години веќе”.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ако ми се гади од планетата Земја, зошто да не ми се гади и од некоја друга планета, Марс или Сатурн, Уран, и слично, во што е разликата, а во што - гадењето?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во кутрата Луда Мара се влеваат две фекалии од градската канализација, во неа ѓубре фрлаат неидентификувани лица (Доаѓаат ли од друга планета, па се неидентификувани?) па таа станала грда депонија сред градот, па дури и се заканува со ширење на заразни болести.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)