друг (прид.) - песна (имн.)

Во 1961 година Ален Гинзберг во збирката песни Кадиш и други песни ја вклучил и песната Весел час, како сведоштво за личната средба со овој наркотик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Има многу наши од преку граница, од вашата ревизионистичка Југославија, наши бре, од иста етничка припадност и вера, пардон националност, кога ќе дојдат овде во татковината – мед и млеко откриваат, рајот го гледаат, некои и до Водачот стигнуваат, а кога се враќаат, друга песна пејат. Мизантропи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
О, песната е прекрасна. Замоли го да ни испее и друга песна.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој пушташе музика за училишното радио и одвреме-навреме таа ќе го слушнеше неговиот глас од разгласот на одморите како најавува една или друга песна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Напротив, кога престана самиот да свири и наместо тоа почна да пушта музика, често му се случуваше да стои зад диџејскиот пулт и речиси несвесно да менува една по друга песна (исто како што сега ги менуваше во главата), додека околу него, пред него, зад него стотици тела танцуваа, рефлекторите кружеа по кренатите раце, тие пееја наглас, врескаа со ентузијазам на оние песни што им се допаѓаа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не го интересираа сељациве – тој дојде овде да се прероди, повторно да се измисли себеси и на крајот, да пее некои други песни, а не „Каде сте, Македончиња“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како секој ден да му беше друга песна – некои утра беше замислен и благ како балада, понекогаш беше страстен и жесток како рок, за другото утро да биде суров и остар како панк.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Едни ќе дадат писмо, други песни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Немој само да ми речете дека C-3 свиреше друга песна?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби барем ќе сфател дека политиката на иронија не се ограничува само на жените, односно на биолошките жени, и дека неа не ја отелотворува најдобро трагедијата, туку токму дисидентските односи на публиката на мелодрамата, конкретно односите на геј-машката публика кон женската мелодрама, а со тоа и настраната, инклузивна, благонаклонета идентификација на машката геј-култура со неа.328 ‌Во секој случај, ако некаква иронична позиција е она што им е на геј-мажите заедничко со жените и ако ироничното идентификување со жените е она што ни овозможува да извлечеме поуки за политичкиот пркос од гламурозната изведба со која Џоан Крафорд ги одигрува мајчинските мачеништво и абјектност, тогаш можеби тие наши женски идентификувања се идентификувања што не само што не треба да се обидуваме да ги скриеме в плакар туку треба и ревносно да си ги прогласиме за свои – да ги сфатиме, да ги цениме и да ги негуваме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го нагласувал ироничниот однос на Антигона кон светот на машката моќ, однос типичен за жени што, рекол Хегел, ја искривоколчуваат универзалната цел на владеењето за лична цел преку сплетки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, да бил Хегел ноќта на закопот на Џуди Гарланд оној петок, на 27 јуни во 1969 година, меѓу кралиците што се насобрале пред гостилницата Стоунвол кога онаму полицијата правела рација, можеби ќе пеел друга песна – под претпоставка, се разбира, дека воопшто знаел да пее.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму таков ироничен однос кон машката власт, имплицирал Хегел, бил подлога на Антигониниот отпор кон законот и ѝ овозможил да си го оправда, без потреба да се повикува на никакво поопшто начело, пркосот кон државата. ‌Џуди Гарланд не е Антигона.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Татко ми пееше други песни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа што го гледа, тоа го молчи – не е како оние поднапиени музичари долу кои севзден ја пеат само песната за кондорот, божем други песни нема во планинава со коишто да им го штукнуваат умот на дојденците којзнае од каде научно наречени туристи и авантуристи, а може и безделници.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Летоска, откако го видов објавен Зборникот јуначки, жаловни, смешни овчарски, самовилски, љубовни и други песни со душата на мојот народ и на знаците на кирилицата нанижани.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не секогаш како што се пеат други песни, туку понекогаш, често и еднаш на неколку години, но не се заборава.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги има објавено следниве дела: Тамерлејн и други раскази (1827), Авантурите на Гордон Пим (1838), Гавранот и други песни (1845), Гротексни и арабескни раскази (1840), Раскази (1845), Филозофија на композицијата – есеј, предавање (1846), Еурека – песна во проза (1848), Доживувањата на Артур Гордон Пим – подолга проза.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговиот песимизам излегол на површина во приказните како Тарас Буљба (1835) и Дневникот на еден лудак (1835).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)