друг (прид.) - нешто (имн.)

Ќе се покаже, како и со сите други нешта во нашиот живот, дека и овде без отстапки треба да му веруваме на човек кој денес е наш водач и којшто знае по кој пат треба да се тргне германската уметност ако сака да ја исполни својата голема задача, да биде весник на германскиот начин и суштество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И баш тогаш во соседството Езра Паунд ќе проломоти нешто против Евреите и ќе им ја расипе таинствената размена на стихови и ноти КАФЕ ФЛОРИАН: БАЈРОН И КЕЛНЕРОТ СО КРАСАТИ УШИ знам, сум читал некаде, дека бајрон на времето измислувал разни легенди за мостот на воздишките и за други чуда во венеција диванејќи баш во кафето глориан, по него, еве, со години се влечкаат талкачи од цел свет мислејќи дека легендите, ако се од бајрон, не умираат, мислејќи, исто така, дека е крајно време на терасата на кафето флориан да се одржи оснивачки конгрес на талкачката интернационала - талкачи од сите земји распрснете се низ светот да ечи на конгресот на талкачите да ечи да ечи додека гулабите масовно не запавтаат со крилјата во знак на протест што талкачите не оставаат ништо за колвање а и додека на самите талкачи не им се спуштат венецијанерите пред очи кога келнерите ќе ги донесат сметките. знам, сум читал и други нешта за кафето флориан, разни бајки и разни истории има за него и за ланскиот снег во венеција, во разни извори на завидливост, тегобност и несигурност се брчкаат талкачите пред кафето флориан, мене ми е редот за редовната доза сладолед, а време е да се испопраќаат и смс пораките, па прецизно да се види на мапата во мобилниот телефон уште колку останало да се талка - наеднаш, не баш неочекувано си се насмеав во себе, онака за свој грош, фаќајќи се во мисла дека ќе му ги истегнам красатите уши на келнерот во флориан кога ќе ја донесе сметката и кога ќе почне да ми бандори за лековитите својства на киселините од изметот на гулабите, отшто во измет од гулаби се сплеснувале сите теории и благородни идеи на талкачите од бајрон наваму
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тогш неизоставно во душите ќе им заклокотат далгите на Нева.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во дваесеттиот век овие машини за слики се секуларизирани во филмските фабрики за соништа, секуларизирани како и многу други нешта, “трансформирани” и “деформирани” во орудија што служат за изработка на псевдо- романтични средства за забава на толпата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Токму во таа смисла биологот денес зборува за писмо и про-грама во врска со најелементарните процеси на информација во живата клетка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност, веќе извесно време, овде-онде, со еден знак и од неумоливи мотиви - а полесно е да се објави нивното деградирање одошто да се открие нивното потекло, - “говор” се употребува за да се означи делување, движење, мисла, рефлексија, свест, несвесно, искуство, афективност, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега се стреми кон тоа да се вели “писмо” за сето ова, но и за други нешта: за да се означат не само физичките знаци на пиктографското, идеографското или пишувањето со букви, туку исто така и целокупноста на она што него го овозможува; потоа, од онаа страна на означувачкиот, самиот означен лик; оттаму, сето она што може да му даде место на еден запис воопшто, без оглед на тоа дали е или не е со букви, па дури и без оглед на тоа дали фактот што тој е распореден во просторот му е туѓ на поредокот на гласот: секако, кинематографијата, кореографијата, но исто така и пиктуралното, музичкото или скулптуралното писмо, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Биографиите се наредени по абецеден ред во рамките на еден материјал кој полека се надоградува, а податоците непрекинато се акумилираат и создаваат еден дискурзивен, отворен и незавршен есеј за природата на СНН и, бидејќи набрзо станува очигледно дека податоците во голема мера се филмски, тие исто така даваат материјал и за есеј за природата на филмската уметност и филмските конвенции, за раскажувањето и за други нешта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А има и едно друго нешто, или две други нешта кои ги чудат жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И навистина, почна да ми шепоти за некои скриени нешта по чекмеџињата. Или по фиоките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков дека во тие први денови по ослободувањето помеѓу другите нешта беа присутни и обиди да се контролира и интимниот свет на секој поединец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ако сакаш мојата желба да ја поврзиш со нешто многу конкретно или повидливо - појасни таа - тогаш еве, јас ти понудам и други нешта за кои би можела да ти зборувам со денови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се промовираа нови правила во однесувањето на партнерите, реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Но види колку се прекрасни сите други нешта, Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Немој да мислиш дека ова не ми текнало. А и други нешта. Овие нешта ми се вртеа и моткаа во главата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сите други нешта паѓаа во сенка пред сјајот на златниот накит; од тој блесок Еразмо не можеше да го види сјајот на животот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Трагата секогаш е укажување на други нешта.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Има и кутија со многу мали предмети - има една џива што се тетерави по цилиндарот додека тој се врти, потоа зад нив има едни ротирачки маскирани вртлози со лице на инсекти што ви се плазат, потоа ги има оние мали спирали и пламенчиња, и некои други нешта што се случуваат.”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа што е сиромашен со други нешта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А, во суштина, тоа е мојот свет во кој треба да уживам други нешта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не верувам во приказни и бабини деветини. Верувам во други нешта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затоа што таму некаде ме чекаат други нешта. Таму каде што припаѓам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Измислуваа и други нешта, но никој не беше ѝ го видел лицето одблиску, таа живееше како лилјак, како ноќна птица.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За човек да биди среќен, важни се некои други нешта во живото, многу подлабоки од убав автомобил или коњски ергели.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тоа е миг кога окото човечко е под опсада само на едно делче на светот пред кое другите нешта престануваат да живеат - светлоста се повлекува во темница, звукот се затвора во школка на тишина, мислата останува скаменета, нема небо, нема земја; сѐ е магла во која, дури и без тебе телесен, живее единствено предметот на твојата еуфорија со која само среќните старци и се предаават на смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од оние со кои подоцна разговарав и се распрашував за тоа што човек бил Борко во војната, речиси сите се согласуваа дека уште на почетокот, во 1941-та, покажувал храброст, но не некоја храброст сама за себе, туку храброст чиј мотор е во некоја внатрешна амбиција која често не води сметка ни за другите луѓе, ни за другите нешта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Оти последен нивниот вагон, назад нема ништо друго освен безброј шини што се собираат таму на крајот само во две, а ваму, нагоре, на кај главата на возот, луѓето веќе се раздвижиле и ги растоваруваат бовчите, вреќите и другите нешта што ги напикале во вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Релативна сегашност (а и тоа капка, се цеди, особено додека вака се набројува) се String Forces и нејзиниот засега безимен CD-проект.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како и Лили Марлен. Како и многу други нешта. Margina #21 [1995] | okno.mk 77 78 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во четата Раде беше назначен за заповедник на извидувачка група, која ќе требаше да се инфилтрира во позадината на непријателот и да го снабдува Штабот на 23от пешачки полк со податоци во врска со движењата на непријателските сили, нивниот состав, големината и многу други нешта битни за успешните воени дејствија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неговите зборови како да ја оправдуваа мојана помисла за патеката, а и за оние други нешта поврзани со посебностите што несреќно беа сместени покрај стаклената масичка, спомнатиот огромен црвен трон и изморената насмевка на писателот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А јас дури сега се прашувам: на што помислуваш кога ми поставуваваш вакви прашања?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа дообјасни: „Мислам, дали планираш нешто слично на онаа твоја замисла за преселбите во други времиња?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се сеќавам на онаа вечер кога неочекувано праша дали ме привлекувале и други нешта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кога зборувавме за онаа твоја идеја за другото време што не знам од која причина ја спомна и како моја , ги спомна и тие други нешта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Влегував и во кавгата како и во сите оние други нешта што ни ги наметнува во животот нашата нарав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оттогаш постојано се занимавам со музика, иако работам и други нешта.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој ни помагаше да откриваме дека во животот можат да се научат и многу други нешта освен за кои знаеше и можеше да знае нашето село.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Оти, - додаде, - има уште многу други нешта на кои таа може корисно да се употребува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И додека мажите пиеја ракија за среќното вселување која којзнае од каде ја изнесе тетка Перса, сандуците веќе беа покриени со шарени чергичиња и станаа природна целина со сите други нешта во одајчето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мене ме интересираа во тој миг други нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој што умее да лета, умее уште многу други нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се обидував да ја натерам да размислува како да дојдеме до одговор на сите оние прашања што ми се родија откако го прочитав писмото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ама, ти пак со летањето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И многу други нешта ме нервираат, некои кои до неодамна не сум ги ни забележувала.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На пример, онаа наша куќа во Маврово, што сите ја обожаваме, знае да ми создава големи главоболки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)