друг (прид.) - недела (имн.)

Тој ден, за кој ти зборувам, татко ти не попушти. Не отиде в црква. Ниту тој ден, ниту многу други недели.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Другата недела ми остави две книги. Од крај до крај ги читам, речиси напамет ги учам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, ние тепавме кучиња речиси цела недела - од саботата до четвртокот другата недела.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
— Шири капата, побратиме! — му вели на Бешот. — Десет, дваесет, триесет, сто, двесте, и педесет. — Еве, за педесет пушки јас плаќам, a за педесет ќе ме почекаш за некоа и друга недела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По недела две се најде отепан Турчинот, Катил Шериф, на патот за Прилеп; по друга недела две Тоше Налев им стори абер дека го видел Толета во Битола како се шета по атпазар, та се осмелил дури и на ан кај него да појде и да му ги побара седумнаесетте лири што му остана должен Јован Сиве во Старавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас разбра сега шо сакаат, тиа, и зошчо тоа го сакаат, и како ќе ме вати умот, ќе работа, бидејќи патишчата, и мојот и нивниот, на едно место воделе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)