друг (прид.) - море (имн.)

„Не изведоа на друго море, побистро и попитомо од нашето Чјорное Море.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Македонија е до Александрија со морето и со сите други мориња. А може и до Америка. Кај што е Мирче, таму е и Македонија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми се обрати со необично мирен глас, мораше целосно да ме извлече од молкот: - За другите морето може да претставува среќен излез од маките на копното, а за нас морето носи грижи, неизвесност, опасности.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се стреми, и покрај сè, да избие не само во Медитеранот туку и до другите мориња, дури до оние студените, далечните.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)