друг (прид.) - момче (имн.)

Јас морам самиот да ја создавам својата збирка, да се разменувам со другите момчиња, да ги собирам марсовските камења и меркурскиот песок што ми ја исполнуваат собата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој и неколку други момчиња веќе изнајмиле коњи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Изабел ми објасни дека јас треба да се грижам само за најмалиот син Патрик, а за другите момчиња само кога ќе доаѓаат дома преку викендите и за празниците.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Еден палавко го бутнал пенисот во својот другар, додека другото момче го сече најличниот дел од курот на возбудениот примател, а посетителовиот гостувачки уд скока и го исполнува празниот простор од кој природата се гади и свршува во Црната Лагуна каде нестрпливата пирана го грабнува сѐ уште нероденото дете кое никогаш - со оглед на некои добро познати факти - нема ни да се роди.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И се додека седи покрај Циљка, додека зборува со неа, без престан и се наметнува прашањето дали знае нешто за Ристо и Ташко, да ја праша за другите момчиња и девојки од селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Заедно со другите момчиња од училиштето, минував крај продавницата со вжештено лице и потни дланки, чувствувајќи ја близината на забранетото, грешното, а немоќен да стапнам внатре.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Татковците на другите момчиња, што заминуваат во вселената им носат парченца руда од Калисто и црни грутки од метеорите или син песок.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)