Тогаш оддалеку го чу лаењето на другите кучиња, го пушти противникот и се стрчна кон шумата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во градината повеќе не се седи, а и ноќе не се спие: лае и ги довикува и другите кучиња во селото.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Другото куче што се спаси беше на Тимка. Не знам како се случи тоа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но веднаш потоа избувна оптегнат лаеж на друго куче, а со него пак се повтори и му се прилепи дебелото, татнежливо лаење на кучето што прво се огласи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тогаш оддалеку го чу лаењето на другите кучиња, го пушти противникот и се стрча кон шумата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Оѕвиваше како борија. Неговиот глас ги поведуваше, ги предизвикуваше и другите кучиња да лаат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И после почнаа и други кучиња да фрлаат во огнот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Попусто се разврескаа и другите кучиња низ селото.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)