друг (прид.) - крај (имн.)

Но, сега гледам, работите стојат поинаку, бидејќи вредностите кои ги држеше тој пред себе како црковни табли, всушност ги доживуваше како товар што насилно му е натоварен, а за неговите кошули и за огнот в куќа и во нас, и уште за сандаците за замрзнување на кои им скапуваше газерот, за разглавените капаци на клозетските шолји, за штекерите без жица за вземјување, за цевките ф-15 за одвод на водата од машината за перење и бигорисаните цевки за довод на топлата вода, за недоволниот притисок на водата во бањата и преголемиот притисок во неговите уши, за лековите за детето што не можеа да се најдат на рецепт, а можеа да се најдат еди каде, на другиот крај од градот,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сѐ меркаш од еден на друг крај во градот и попатно среќаваш сè и сешто, а на секој чекор секој нуди да купиш нешто не само тие од дуќаните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ВО ДОЛГИТЕ врели, летни пладниња еден човек врвеше по прашните, опустени улици - сечејќи го градот од едниот до другиот крај.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Овцата почна да клоца, да се отима, чувствувајќи дека ѝ се подметнува туѓо јагне, и избега на другиот крај од јаслите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А инженер Александар живее на другиот крај на градот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нешто некаде ја носи, ја носи, ја носи низ некое темничиште, како низ некој тунел, а некаде таму, отаде, на другиот крај од тунелот зрачи некоја светлина што се лачи во меко сина а силно виолетова, и тоа ѝ влева надеж, па сака што поскоро да се најде на другиот крај од тунелот, во светлината каде што Пандо нејзин сигурно ја чека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таму, на другиот крај на трлото, пред јаслите, Нове Перуноски, најмалиот од браќата Лазорови, му свети држејќи запалена вивка в раце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги слушам овие водичи - конзерватори со упадливо црни комбинезони како чекорат од едниот до другиот крај на просторијата, запирајќи од еден на друг предмет, неочекувано менувајќи ја интонацијата на гласот, небаре се натпреваруваат во довикување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа како конец го сече небото од едниот до другиот крај.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Никогаш не дознав зошто мајката и сестрата на Земанек живееја на другиот крај, во друго предградие.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Личеше на девојка, на блудница вавилонска, жешка, оти и бојата ѝ беше таква, жешка, црвена; Филозофот ја допре со врвот на прстот и се насмеа, а Лествичникот ништо не сфаќаше, но јас знаев дека во тој миг Филозофот ја чувствува сета топлина на светлината, жарот на сонцето сето, врелината на плодницата, осилото на пајакот, жарот на најотровниот отров, оти отровот е лут, и гори, и во болка со него се насладуваш; сето тоа го знаев, и знаев дека Филозофот веќе следниот миг ќе помине со прстот по сите букви, од буквата Ж ќе почне, од средето на клопчето, и дека ќе им ја прочита топлината на буквите, бојата нивна, и дека тргнувајќи од средето, најрпвин ќе помине со прстот кон едниот, а потем кон другиот крај на клопчето, и дека потем сосема спокојно, како да не прочитал ништо, ќе се сврти со светлината кон ѕидовите на одајата, како да разгледува храм непознат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еразмо, оглуве на рикањето на бикот Чако, што доаѓаше од другиот крај на гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Слична била ситуацијата и во другите краеви во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Одиме од едниот до другиот крај, ги слушаме бродските сирени, грачењето на галебите и полека надоаѓаат, небаре како бранови допловуваат и пред очите ни се втиснуваат спомените.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Внучката радосно дотрчува и по неколку минути, држејќи се за раце, излегуваат од зградата на хотелот, и се упатуваат, под истрошеното сонце, кон колибата, полуурнатата куќарка со празни прозорци и врати на другиот крај на плажата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зошто: ние, го прашав. Зашто сме двајца, одговори и погледот го сврти во другиот крај на лакот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На другиот крај, на самиот агол, стои кокетна куќарка, обрастена со бршлен, и два кипариса стражарат пред влезната врата. Се излегува на плоштад.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На другиот крај од дворот се поставени две мали голчиња и вратило за тресење теписи, на кое висат дрвени лулашки, од евтините од Битпазар.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше мала, за мои убедувања, а живеевме на другиот крај од градот, преку Вардар, па се плашев да се враќа со такси... а и не ми беше тешко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А беше толку полна со деца, преполнета. Од едниот до другиот крај на рогузината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Слободна сум како птица сѐ до почетокот на циганското лето. - Ѝ одговори Рада на другиот крај од жицата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Помисли: „Види го сплаварот како го одмина и островот, дури и не се заврте кон ѕвездите кои светеа на другиот крај на брегот“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Непоткупливата болничарка, единственото суштество кое изгледаше живо во заварената изненадувачка тишина, почна да шета од едниот до другиот крај на спалната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ќе имаш сѐ“, ѝ зборуваше, треперејќи. „Ќе бидеш кралица.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Новиот во играта обично сака да го збуни противникот со тоа што ќе зададе имиња испишани со најситни букви; но искусниот играч избира зборови со големи букви што се протегаат од едниот до другиот крај на картата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во првиот момент не ти е јасно како можат да ти се поврзат луѓе од едниот до другиот крај на планетата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ветување Среде сиот овој неред од грубо фрлени зборови, ќе го најдеме ли патот до другиот крај на мислата?
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Чекорев нервозно и немоќно од едниот до другиот крај на резиденцијата. Во мојата прва дипломатска мисија бев соочен со државен удар во пријателската земја на приемот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Франција која умееше за човештвото да го организира декорот на разрешената историја, беше подготвена, меѓу животот кој згаснуваше и смртта што набргу настапи, на славниот Палестинец да му ги укаже сите посмртни почести!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше вистинскиот крај на Јасер Арафат. Немаше друг крај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Масата со пијалоци беше на другиот крај од салата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Девојката ја здогледа само еднаш на другиот крај од просторијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партијата пикадо, што се играше на другиот крај од просторијата, запре за триесетина секунди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеше да биде испарена, можеше да изврши самоубиство, можеше да биде префрлена на другиот крај од Океанија: најлоша и најверојатна од сите можности беше дека едноставно се предомислила и решила да го одбегнува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На другиот крај од просторијата имаше еден мал бар, обична дупка во ѕидот каде што можеше да се купи џин за десет центи во голема чашка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прошета до другиот крај на просторијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Митра ја истера кучката, го наполни бардакот вода и го кладе над перница, го турна светелникот и се припикна во козинавецот на другиот крај на постелата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка ѝ на Чана набрзина и она си направи крст, а уште повеќе што забележа дека и една друга група од другиот крај на просторијата одеднаш се крена со сѐ пљачки врз себе и се протурка низ луѓето до излезот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јасно и чисто ги опфаќа сите од едниот до другиот крај на вагоните, гледа како се товараат самите себе и еден зад друг фаќаат натаму, надолу.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И не можам да се начудам како тоа нашите луѓе се во состојба дури и на другиот крај на светот (опкружен со светлечки реклами и блескави локали) да ги откријат најтемните дувла и со огромен мерак да се нурнат во нив.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Па... - рече полковникот префрлајќи ја лулата од едниот на другиот крај од устата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го победуваше. Стана и го зеде шишето од другиот крај на масата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На другиот крај, преку две седишта, спие Андреја. Чевлите му се собуени. Грчи.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
– „А бре татко и ти мајко, што не ме верувате оти бев штрк и ви седев на куќава на другиот крај; имаше летово еден штрк али немаше?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Му текнало на Силјана оти така е како што му рекол Аџијата и си отишол на другиот крај на куќата да седи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Силјане, му рекол Аџијата, при сѐ што те милувам многу, атер нема да ти остане, нема да седиш во моево седело, ами ќе си седиш на другиот крај на куќата, чунки нам ни е седелото домаќинска постела.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На катов има уште две соби. Тие се на другиот крај на чардакот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се вслушуваа кон дишењето од другиот крај на пештерата, и кога се уверија дека сите други спијат, полека тргнаа и излегоа од пештерата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Лисичињата легнаа близу до мајката, а зајачињата на другиот крај од пештерата, веднаш до влезот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа застанаа на другиот крај од лединката. Пред нив брегот стрмно се спушташе надолу.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
На другиот крај се исправа и Германецот, алка покрај ѕидот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чекам да му свирнат од другиот крај на ходникот па да продолжиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На некој друг крај ќе се состави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од едниот на другиот крај од светот, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ние повеќе се плашиме за тоа како ќе стигнеме до другиот крај.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А јас, лева - десна, од едниот до другиот крај на жичаната ограда... лева – десна, исправен со германскиот шмајзер обесен на врат, чував и пазев, не дај Боже, некој пезевенк од народните непријатели случајно да не ја вознемири народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не преседна на масата каде што беше со мене туку на фотељата на другиот крај на дневната соба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Спроти нив, на другиот крај од просторијата, наседнати се двајца претставници на Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, секретарот на партиската организација, претседателот на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, претседателот на синдикалната организација, претседателката на младинската организација, потпретседателот на Сојузот на борците и две жени, веројатно претставнички на женската организација.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа како конец го сече небото од едниот до другиот крај.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сѐ како одеднаш да се нашло во некој друг крај.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)