Расфрлани низ Лондон, постоеја само уште три други згради со сличен изглед и големина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Куќата е зачувана во модификуван облик како амбасада на Бугарија.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Не знам дали проектирал или учествувал во проектирање на некоја друга зграда, но интересен е фактот дека во секој телефонски именик, во секој виенски адресар од 1933 до 1938 година стои д-р Лудвиг Витгенштајн - архитект, а не философ. Меѓутоа, тој докторираше како философ.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Слушав како зборуваат некои од постарите, дека други згради во градот паднале веднаш.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Градските пијаници, за среќа на станарите од зградата не го сметаа влезот за привлечна дестинација за мочање и така во него никогаш не се ширеше непријатна реа, нешто со што многу други згради не можеа да се пофалат.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тие од тој момент, две недели пред атентатите, започнале да ја чуваат Отоманската банка, Банка де Салоник, австриската пошта и некои други згради.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Си ја подигна прочуената Исхак-бегова шарена џамија, ама и покрај неа една од најпознатите медреси во Румелија, во која науки предаваа голем број познати мудериси на исламскиот свет; разни конаци; туљбе; и други згради; а во чаршијата - безистенот, Сули-ан, Чифте-амам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Куќата беше повлечена од редот на другите згради поредени крај Вардар.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Уште се работеше на зградата а таа влечеше малтер со една друга Егејка, исто, знаеше дека се почнуваа други згради подолу во бавчите и работа ќе има за неа сигурно до идната година, таа сепак појде до Трудот и потпраша за работа во Монополот, повикувајќи се на една белешка во која стоеше дека работела некое време во Монополот во Прилеп.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Како може да не знам што рекол.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А ако целосно ги кренам ролетните ќе ме гледаат сите од другата зграда.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ама какво ќе е тоа машко дете: топка да не игра, да не се испоти, да не се напие вода кога му се пие, да не се тепа со децата од другата зграда, никогаш да не заталка со другарите, никогаш да не направи никаква беља - и уште колку пати сѐ некакви - не... не... не...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Лево од мене, на пет–шест метри спроти другата зграда имаше едно патче.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Боро од Неготино ни беше референт по оружје, знаев дека честопати им ги земаше пушките на партизаните што се на стража па потоа ги клеветеше кај командантот на дивизијата, и нормално, тој ги викаше потоа на рапорт.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)