друг (прид.) - задача (имн.)

Тие вршеле, покрај пљачкање и злосторства, и други задачи за генералите на бојното поле: прибирале разузнавачки информации, преземале прогонувачки мисии на жртвите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Извршував и некои други задачи, покрај оние зададени од училиштето, за кои ќе ме задолжеше одвечер мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Среќата не е сѐ, се сеќавав на неговите зборови, кога луѓето имаат и други задачи во животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да си ги напишал Татковите книги порано (уште во онаа академска фаза од Твојата писателска биографија), за да можел Твојот пријател Патрик Крисман да ги преведе на француски пред Барт да ја напише својата блескава книга за неискажливото во љубовта, можеби и приказната за Твоите Мајка и Татко би нашла место во нејзината работна библиографија... ***
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Еј, каде си?“ Наеднаш ќе го снема.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бидејќи токму животот, и покрај многуте други задачи, ја прифатил и одговорноста да ја храни таа ненаситница - смртта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Има ли, воопшто, книжевноста некоја друга задача?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Наполно сум сигурна дека госпоѓата Лејбовиц, таинствената дама на која ѝ е посветена Твојата последна книга деветтата книга од Твојот балкански серијал што продолжува решила да Ти пишува токму затоа што ја почувствувала и среќно ја декодирала токму неискажливата димензија на Твоето авторско писмо: неговата имплицитна тишина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)