друг (прид.) - дрангулија (имн.)

Толе сака и Митра како турските посестрими да е наружана на Велигден, та не заборави да купи скопец, скопци, синџири и други дрангулии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шамијата на главата порабена со алтанчиња, и другата околу појасот, со други дрангулии што ѕвечкаа, му ги заплеткаа мислите на синот на Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ги гледаше како одат по сокаците изнабесени на нив со: кошници, сита, вретена, фртоми, синџири, потковки, ендезиња, брдила, кросна, кации, пирустии, сорови, ченгели, резиња, дрмуни, оглави, гребла, ѕвонци и други дрангулии и викаа умот да ти го извадат; навечер палеа огнови крај езерото кои одблеснуваа во водата како да ја потпалуваат; седеа околу нив со раширени нозе да се топлат;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Над креветот во мојата соба имаше една празна полица каде што ги сместив речниците, учебниците, некои други дрангулии и се разбира фотографија од нас четворицата - мајка ми, татко ми, брат ми и ние двете девојчиња со плисирани сукњички кои сме ги фатиле за краевите и сме ги рашириле што е можно повеќе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)