По плоштадите, крстосниците и ановите во Куско понекогаш, ако подзагледате повнимателно, ќе го видите и Че Гевара клекнат крај болните дечиња, ако подзагледате уште повнимателно, Че навистина личи на еден Кускењо макар што нему не му натежнува каменото помнење туку е зафатен од друга болест, болест на столетијата која што еден друг доктор по име Габриел Гарсија Маркес ја беше нарекол – утописки сон.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Исто како и сите други доктори - ниту еден збор за надеж, ниту еден совет за лечење. Зарем навистина е крај.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)