друг (прид.) - грижа (имн.)

Па ја дарва старицата вредна Дарови и злато торба една Со песна весел на коњ се качи Нема друга грижа, совест да го мачи.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Овде го чекаа други грижи, реални, допирливи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нема друга грижа гадинката, си велам, таа си живее, а ние треба да умреме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме измачуваше впечатокот дека ние, службениците, рано наутро и немаме друга грижа покрај напорот да го сотреме бурекот од нашите чинии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Својот страв му го пренесуваше и на дедо, ама тој велеше дека ќе му мине ќефот по книгите на синот, штом ќе се ожени, дека ќе го навасаат тогаш други грижи и ќе запре со читањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)