Она што јас го нарекувам деконструкција може, се разбира, да произведе правила, постапки, техники, но во суштина земена таа не е метода и не е научна критика, бидејќи методата е техника на прашања или лектири, која без оглед на идиоматските карактеристики треба да биде повторлива во други врски.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
На почетокот на тие неугледни скали кои портокаловото осветлување нежно ги простираше угоре, кон ликот на Мари-Клод во својот стан, опкружена со својот мебел, гола и заспана, ја бакнав во косата, ѝ ги погалив рацете; таа не ја побара мојата уста, постепено се одвојуваше и од грб видов како се качува низ уште едни од безбројните скалила што најпосле сите ги одведуваат а јас не можам да ги следам; дома се вратив пеш, без пајаците, празен и испран за ново исчекување; сега тие не ми можат ништо, играта уште еднаш ќе почне како толку пати порано но само за Мари-Клод, во понеделник - симнување кај станицата Курон наутро, излегување на Макс-Дормоа среде ноќта, во вторник влегување на Криме, во среда на Филип Огист, прецизно правило на играта: петнаесет станици од кои четири се спојуваат со други врски, а тогаш, на првата од тие четири, знаејќи дека ми претстои линијата Севр-Монтреј како што на другата ќе морам да ја земам врската Клиши-Порт Дофин, секој итинерер е одбран без посебна причина бидејќи никакви причини и немаше, Мари-Клод можеби ќе се качи блиску до својата куќа, кај Данфер-Рошро или на Корвизар, можеби токму ќе преседи на Пастер за да продолжи кон Фалгиер - мондријановско дрво со исушени гранки, случајноста на црвеното, плавото, белото, точкастото искушение; четврток, петок, сабота.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Занает немам и немам други врски, ни крвни ни бескрвни.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)