друг (прид.) - вера (имн.)

Сега, кога се знаат сите овие подробности, се знае и тоа дека Тодејца е навистина Еврејка и дека и Тоде и децата, таму, во Швајцарија, примиле друга вера.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И името ѝ беше чудно, Воскре, па луѓето нагаѓаа дека е Еврејка или дека е од некоја друга вера и раса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Татко често запираше крај големите сенки на Аја Софија и разлетаните гулаби, небаре во отсутната молитва на минливоста да ги разлачи составните делови на измешаната балканска судбина, на неговиот албански и другите балкански народи: народи првин многубошци, па пагани, рисјани, муслимани, Евреи, преобраќани од една во друга вера и на крајот атеисти, апсолутни атеисти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во една од најубавите икони најдена во една црква од XVI век Света Марија е претставена со чедото Језус во преграт­ка, опкружена со две минариња што претставува сведо­штво за почитта од другата вера...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко, внесен во своите свети книги, стравуваше најмногу за судбината на својот албански народ зашто, троверен каков што беше, лесно можеше да се најде на трагичните распаќа на историјата, лесно ќе го престројуваат на погрешната барикада, лесно ќе асимилираат него­ви делови за сметка на другата вера, ќе го натераат да ги брани границите кои го разделуваа со своите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Ами ефенди, ако ми даваш изим,“ му рекол Петре, „ова е во рисјанско место, тука човек од друга вера не влегува.“ „Знам оти местово е рисјанско“, му рекол Тефик, „ама јас ќе ври оттука и мене реата ќе удри“.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Бев малку исплашена, да сакам некој од друга вера.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ми текнува како реагирав за една манекенка што одеше со човек од другата вера. Ја опцув и ја направив подолу од пепелница.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Марин Крусиќ се покажа другар, и сенката што паѓаше врз ликот на Атиџе, тоа дека таа е најверојатно од друга вера, вешто ја осветлуваше со некои ведри, иако лесноумни забелешки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Некогаш, му велев, мои предци, макар од друга вера, го варделе овој манастир!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Па којзнае! – воздивна Арслан и се пренесе во далечното Мариово да ги гледа родителите, браќа му, сестра му и целиот тој народ како се бори против секоја сила и насилство што сака да им наметне друга вера и насилничка власт.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
1. Грозна смеа Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч изречи ја славно на смртниците поругата, подбивот и јамбот, отровниот рев шегата пој ја на раѓањето и смртта маската, порокот и гревот опиши го, Вечна, на киклопот кикотот кркорот на крвта во обрач од стих завиено и сласно растури го кругот, барутот, чаурата со метар, а безмерно смерно во речта магично обратена,17со очи на тилот во стар образ, а со друга вера - кој прв спомна на Бога Име небаре ќе го снема ако не има во времето знак да биде освен вера, завера освен пат и бездна отсутен а присутен по севезден ѕвезден?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Фала ви што дојдовте да ми кажете како да се викам, вели Дуко Вендија, што е ова, друга вера, а?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
XXVII. За што повеќе да ги приближиме желбите на нашите поданици, што е наша намера, и во иднина да ги отстраниме сите жалби, изјавуваме дека, без оглед на спротивните заклетви, сите што ја исповедуваат или ќе ја исповедуваат верата што се прогласува за реформирана, се способни да го задржат својот сталеж и чести и да вршат секакви јавни, кралски, благороднички или градски задолженија во нашето кралство, нам покорните земји, територии и феуди, и мораат да бидат на тие места примени и нашите високи судови и други судии ќе примаат податоци и факти за животот, обичаите, верата, чесните начини на комуницирање на сите оние што ја исповедувале или ја исповедуваат како едната така и другата вера, без од нив да се бара друга заклетва освен онаа дека при вршењето на своите обврски добро и верно ќе му служат на кралот и ќе ги почитуваат наредбите, како што од секогаш важело. (...) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 95
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ХЕНРИ okno.mk | Margina #32-33 [1996] 96 Андреј Илц НЕСПОКОЈСТВОТО ВО ПОПУЛАРНАТА КУЛТУРА “Free your mind and the rest will follow. Be colour blind don't be so shallow.” (En Vogue) “Нема да тврдам дека мора оној што ги почитува Hueu Lewis и Phill Collins, безусловно да стане масовен убиец, но сигурно има за тоа добри предиспозиции.” (Американскиот писател Bret Easton Ellis за Patrick Bateman, јунакот на неговиот роман Американски психо) Овој напис бара воведно појаснување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
LXXIV. Припадниците на споменатата вера во иднина нема да можат да бидат дополнително обременети со ниедна обична или посебна задача повеќе од католиците, и тоа во склад со својот имот и способности. (...) Објавено во Нант, во месец април во милосното лето илјада петстотини деведесет и осмо на нашето владеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)