друг (прид.) - брег (имн.)

На другиот брег од реката, на падинките на ридот на кој се извишуваше Калето стоеја наредени, но разретчени војници со пушки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но овие урнатини од поголемото семејство, пренесени со оној чун на другиот брег, требаше да најдат нов дом, прија­тели, наместо мигум изгубените роднини, блиски.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Саакаам даа звуучам како Боовхоб Дееее-лаахн”, очајуваше, очајно разочарана што не звучи така. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 115 Бидејќи имавме закажано да свириме во Трип, во Л.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А., штом ќе истече закупот на Дом, снимивме само половина албум во тоа студио на Бродвеј (албумот не го завршивме сѐ додека не стигнавме на другиот брег, таму снимавме уште малку, а тогаш МГМ ни го плати остатокот).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа ти се овозможува да го сториш со фериброд кој го сврзува едниот од другиот брег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како лилјак се удира звукот во едниот па во другиот брег од клисурата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На другиот брег Сенката ми остана.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Во пепелта, сигурно се криеше и еден слој од Татковите соништа од другиот брег на Езерото, од каде што започна неговиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Овде бев најблиску до семејниот дух кој сигурно струеше од едниот до другиот брег, и покрај тоа што, среде, Езерото беше поделено со невидлива граница.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не му го кажа тоа дури ни во решавачката ноќ, кога заминавме засекогаш од родната земја, со чунот, на другиот брег од Езерото.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дење и ноќе гледаше час во извишената Тврдина, на другиот брег од реката, час во забрзаните води по кои, некогаш, ги испраќаше кон морето и своите забрзани размислувања за заминувањето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го носиш како заден траг на денот. О како ќе ја пренесеш до другиот брег мојата песна!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Маж ми, децата, понекогаш се сосема на другиот брег, а јас одвоена, заслушана во себе, од каде ме довикуваат исплашени гласови, што шушкаат како болен ехо, не давашшш љубов.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оваа Клара сега стоеше на другиот брег; освен со десетте години помеѓу двете наши видувања и малата изместеност на вилицата и погледот, на неа се гледаше и она што во појавноста и однесувањето се менува при преминот од едниот на другиот брег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓу двата брега не постои мост, а сепак некои луѓе преминуваат од едниот на другиот брег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако не гинат во бездната, тие сепак минуваат низ смрт – да се премине од брегот на лудилото на брегот на нормалноста, или од брегот на нормалноста на брегот на лудилото, е исто што и да се премине од еден во друг свет. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помеѓу брегот на нормалноста и брегот на лудилото не постои мост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На оној друг брег секое човечко суштество живее во свој сопствен свет, затоа што лудилото настапува кога Јас се откинува од реалноста, раскинувајќи се во себе, и создава своја сопствена не-реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Се сеќавам,“ реков. Таа ме прегрна. Отидовме во дневната соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рикот го пресече како со меч воздухот меѓу едниот и другиот брег на реката. Екот долго се ширеше низ клисурата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа, премостувањето, не бараше многу работа; требаше само да се попречат обични дабови стебла од едниот на другиот брег на реката, врз нив да се нафрлат земја и камења, па христијаните без многу отпор се прифатија за работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неизбежна потреба, за да се стигне до другиот брег.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На крај одлучуваш. ќе скокаш за да стигнеш на другиот брег, па макар и по цена на животот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа беше само еден од неговите занеси со мислите помеѓу книгите и Тврдината на другиот брег од реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко излегувајќи од надворешната капија од куќата, како и секогаш го упати погледот кон тврдината Кале, извишена на ридот на другиот брег од реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На синото небо се запалија првите ѕвезди и прамени светлина паѓаа врз тврдината Кале на другиот брег од реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Погледот го упати кон другиот брег на реката, кон извишената тврдина, кон која често со Татко гледаа во мигови кога им запираше муабетот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко на залез на сонцето, кога последните црвеникави зраци исчезнуваа зад тврдината Кале извишена на другиот брег од реката, зад која патуваа и исчезнуваа неговите мисли, ќе ја оставеше книгата на комодата крај миндерот среде чардакот, а тоа за Мајка беше знак да ги донесе бокалчето домашна ракија и Татковото омилено мезе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога ја напушти родната куќа во Поградец крај Охридското Езеро и ја мина границата со семејството, па се најде на другиот брег, во друга земја, со други луѓе, со друга нафака, никогаш не можел ниту да замисли дека неговата балканска скитија по достигната цел во зенитот на младешката моќ во Цариград, ќе заврши во овој град, кој османските султани по неуспешните походи по европските територии кон Рим, Венеција и Виена, го нарекоа, како можеби нивно последно упориште во Европа, Капија на Ориентот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дарвиш во мигот ништо не одговори. Отсутно гледаше во светилките кои се палеа на другиот брег, отаде блиската граница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако завршив Махмуд Дарвиш загледан кон другиот брег на Езерото, тивко се огласи: Луѓето се убедени дека кога пеам за својата мајка, јас пеам за Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живееше на другиот брег на Езерото, на брегот на егзилот, со своето неразрешено цариградско време, обидувајќи се да го разбере времето кое му престоеше, да н упати, нас неговите деца, по вистинскиот пат, кон Спасението!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И јас во детството, откако ја минавме со семејството со едно кајче блиската граница и останавме засекогаш емигранти, секогаш готови да се најдеме на облакот крај другиот брег, како во слика на Шагал.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа како да беше посилно од самиот себе Додека возев мислите ми се пренесоа кон другиот брег на Медитеранот, кон мојот Балкан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев среќен што можев во еден убав повод, каков што ретко дарува судбината, да го сретнам повторно по многу години Махмуд Дарвиш на бреговите на Охридското Езеро, роден на другиот брег на ова езеро, кое го сметав како дефинитивна татковина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да им се заблагодарам на палестинските мајки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се припијувавме сите до топлото крило на нашата мајка, а Татко на кормилото на чунот го следеше веслањето на татковиот побратим Гури Порадеци на пат кон другиот брег на Езерото преку границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За светите книги со кои ја минавме границата. За молитвата која ја шепотевме во тишината на ноќта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го погледнав осаменото семејство во градината во која Раиз го беше почнал бојот со дивото билје.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За секој клуч постои некаква брава, но секоја брава си има своја историја...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Конечно кривата на егзилот го означуваше својот пад, започната да се оцртува во животот на семејството пред точно шеесет години, кога тоа беше осудено да го напушти семејното огниште во ова исто гратче и да се најде на другиот брег на езерото, на брегот на егзилот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Зарем враќањето на Јасер Арафат во Рамалах не беше реален чин? - се обидов да го префрлам разговорот на темата што постојано ме обземаше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сета љубов, која ја имаше во длабината на својата душа и која цел живот им ја подари на своите чеда, кои беа заминати на разни патишта и постови во животот, а јас на најдалечните, ја вложуваше во своите цвеќиња на Балканот. Сакав да го надминам значењето на моите зборови, упатени до мојата мајка, на другиот брег на Медитеранот, да го напишам најубавото писмо што еден син го напишал на една мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во нивните погледи забележав тивка тага, некаква меланхолија поради минливоста, во која ненадејно заминував забрзано, неочекувано се губев, испуштав драгоцен дел од неповратното семејно време овде и отаде морето, на другите брегови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога во далечната 1943 година ноќе со еден стар семеен чун ја минавме границата која беше означена под Езерото, според легендите во кои верувавме во детството и чувана од еден змеј, границата меѓу родната земја и среќниот егзил на другиот брег, ние бевме осудени на клетвата дека нема враќање од егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во овие стихови како да беше раскажана сета судбина во егзил на големиот Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата поетска крива од првата збирка песни Птици без крилја до Трагата на Пеперутката ја испиша монументалната поетско-историска енциклопедија на својата Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мислите ми прелетаа кон мојата Мајка, на другиот брег на морето...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но секогаш кога се приближуваше со чунот полн риба до контролорите кои требаше да му го земат десетокот за еминот, нему му доаѓаа пред очи некакви чудни слики на непознати места, некакви други рибници каде што тој ловеше сам во свој далјан, некакви други брегови и весла што со леснотија на крилја го цепеа среброто на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Секоја од овие куќи имаше издаден голем чардак, од чии големи прозорци се гледаа реката и тврдината Кале, на ридот од другиот брег.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја обеспокојуваше и сеќавањето на сите свои кои ги виде за последен пат кога ја минуваме границата и долго време живеевме на другиот брег на Езерото, како емигранти. На брегот на егзилот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со погледот, нејзина­та мисла патувала кон другиот брег на морето, до брегот на родната Италија, и подалеку од Апенинскиот Полуостров, кон бреговите на француска Прованса.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше пријатели на другиот брег, и меѓу рисјаните и меѓу муслиманите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа нема да биде вистински егзил, пре­фрлање на другиот брег за да се продолжи подоцна кон Америка, кон Австралија, кон Азија, каде што заминаа многумина, засекогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка насетуваше дека на Татко му се врти умот за уште подалечно патување, преку океанот, како други албански емигранти, пребегани како нив, на другиот брег од Езерото, кон Австралија, Америка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од нашето чунче коешто, една ноќ, нè префрли од едниот на другиот брег од Езерото, кога станавме емигранти, ние сега бевме во нашето вагонче на судбината кое нѐ оддалечуваше од Езерото и ние, поради тоа, станувавме уште поголеми емигранти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не може да се рече дека на другиот брег одеше подготвен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога Гури Порадеци, конечно, го укотви нашиот чун на другиот брег од Езерото и ние минавме во друго време, Татко, во мигот, се сепна, остана во чунот упорно барајќи да најде нешто во испразнетиот простор на чунот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гледаше отсутно кон другиот брег на Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да не ги зафати нов бран, да не ги обезличи, да не ги исфрли на некој друг брег и да ги осуди на нов почеток.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И, гледајќи кон другиот брег, кон местото на нашето поаѓање во судбин­ската ноќ, тивко прошепоте: – Сине, премил на мајка, како сега, и тогаш те држев со овие раце.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не зеде друга облека, оти Татко ја уверуваше дека, на другиот брег од Езерото, бргу ќе најдат сè што им треба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но Татко, прв, тивко рече: – Синоќа го сонив татко ми како ми довикува од другиот брег, да се вратиме!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Замислено чекореше крај Езерото. Погледнуваше отсутно кон другиот брег.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Ние, мајко, не бегаме далеку, ќе запреме првин на другиот брег од Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа можеби најмногу ѝ успеваше и кога ја минавме границата и се најдовме на другиот брег од Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ова навидум банално минување на десетина километри воден пат, од едниот до другиот брег на Езерото, за Татко значеше да си ја остави мајка си на другиот брег, со измачената душа, да си ги остави братот и сестрите, како некогаш, поради заминувањето во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега јас бев сам во чунот на судбината, пловејќи кон другиот брег на егзилот. Бев без Татко и без Мајка, без постарите браќа...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Погледна замислено кон другиот брег на реката, кон другиот крај на мостот, кој му се стори како да се поврзува со небото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Каталогот Ла Ринашенте среќно ја мина италијанската окупација, на другиот брег на Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Историјата се повторуваше од пред пет века, кога предците на овие луѓе бараа спас на другиот брег, по историскиот отпор на Скен­дер­бег, но сега бегаа од своите, бегаа од себеси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Додека ги прелистував овие книги, се сетив на последниот Мајкин аманет, за кој ми велеше дека бил и Татков, дека само преку книгите, Татковите книги, било можно враќањето на другиот брег од егзилот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сретна некои од нив. Можеше секогаш да смета, на другиот брег, на нивната возвратна добрина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Остана во таа мисти­ка, во потрагата да дојде до нешто конечно, дефинитивно, што ќе го доближи до формулата за спасот на семејството, овде, во родната земја или во егзил, па макар на другиот брег од Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се случуваше, често, кога сонцето беше во залез, зад тврдината, на другиот брег од реката, Татко да нè повика нас, неговите верни сопатници, на патувањето со Балкан-експресот, на железничката станица.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Веруваше дека таа го чека на другиот брег на самотата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тие изохипси на нејзиниот егзил, во сништата на другиот брег на егзилот, во трагичното минување на границите, беше впишана историјата на мајкиниот живот, по која не престанувам да трагам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Побратимот Гури Порадеци, утрото кога наминал за да ѝ каже сѐ на Мајка, ѝ укажал колку слободно место има во чунот за неопходните предмети, а колку за семејството и за него, без да биде опасно при пловењето кон другиот брег.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Им се исповедуваше на водите. Зборуваше со нив, загледан кон другиот брег на Езерото, од овој брег на егзилот. Говореше со својата Мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дали му се присторуваше од пресилно читање и мислење, тука до Мајка, не сакаше да се одреди, но беше повеќе од сигурен дека го гледа нашиот семеен пријател Гури Порадеци, кој пред неколку години, со стариот семеен чун нè пренесе од едниот до другиот брег на Езерото. И така станавме емигранти.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ние го бевме наследиле татковиот сон со стариот чун, што еден ден нѐ донесе и не нѐ врати на другиот брег на Езерото. Кружеше во нашите соништа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Побратимот продолжи: - Ама најмногу ум покажа, за сите блиски и далечни, кога несетум и неочекувано замина, но не и за мене, што ве префрлив со семејниот чун на другиот брег во судната ноќ...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Кога ве оставив на другиот брег, душата ме заболе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ние одамна бевме подготвени за ова обратно патување од егзилот, уште од денот кога пристигнавме на другиот брег, а побратимот се врати со чунот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го мина подвижниот мост и се најде на другиот брег.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А другиот дел на истото семејство, на кое бездруго и јас бев далечен потомок, низ многу, многу генерации остана небаре да вечнее крај морскиот брег со довикот кон своите, на другиот брег, со надеж дека судбината еден ден повторно ќе ги зближи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ме прашуваа со денови, со месеци, со години да ја дораскажувам многу подолго и многу пошироко кусата историја на вашето префрлување на другиот брег.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Остануваше никогаш растолкуваната семејна загатка - за тоа што се случило во изминатите пет века отоманско време на Балканот, како дојде по поразот до големата делба, до промената на Бога, до големото гранење на семејството, кога едниот дел по отоманската опсада и победа по цена на смртта ќе замине на другиот брег на морето со старата христијанска вера, со задолжителните врски клучеви на старите куќи во пламен, со по некоја спасена икона и света книга в раце.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Времето притискаше. Требаше вечерта да се вратам на другиот брег од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој ни вети дека ќе ни зборува за семејниот чун, за неговото враќање во земјата, откако нè остави на другиот брег.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога бликнал изгревот на другиот брег, еднаш кадијата му ја кажал на татко ми тајната што длабоко ја носел во себе со години: „Пријателе мил, со години идам крај Езерово во вашиот пријателски дом.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Само тој би можел да ги знае тајните коти на пристигнувањето на другиот брег на надежта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А кога конечно ја минавме границата и пред нас се оцртуваше другиот брег на Езерото на спасот, ние децата од тој миг разбравме зошто Мајка верува во Бога...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Им реков дека среќно ве префрлив на другиот брег од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога небото беше најпроѕирно, го гледаше и другиот брег, преку границата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На сличен начин од камен до камен доскокнував и јас преку истенчените летни води на далечната Брегалница за да втасам до другиот брег, но секогаш ќе стрефев барем еден нестабилен камен што ќе ме спростреше во водата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не бев постар од пет години, но и денес се сеќавам како тогаш тој малечок човек се советува себе си додека се наоѓаше во смртна опасност дека ако успее да застане на нозе и ако продолжи да оди напред сигурно многу брзо ќе излезе на другиот брег на ѓолот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јовановиќ го прегази јазот облечен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш за прв и последен пат го прескокнав во еден залет широкиот јаз, и притоа, од другиот брег гледав како Пачев ги свлекува чевлите а потоа ги свиткува и ногавиците на панталоните.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Од сојот на кучките - ме префтаса помеѓу гробовите гласот на Катерина. - Што наоѓаат кај неа мажите?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но како да сум на друг брег, откаде некои големи води, до каде што твојот поглед не допира.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Пловеше по каналот, можеби навреден и исполнет со меланхолија, но со компактна и на свој начин убава црно-кафеава глава со „додатоци“; пловеше низ самракот кон некој друг брег, кон некоја друга стварност.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Погледна преку река, а таму децата наседнале на гредата што ја имаа спрострено на другиот брег, и ситејќи му се, го гледаат што ќе прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„И знаеш што утврдив, мила“, ќе соопшти, како да открива кој знае каква тајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А поминала и преку мостот, на другиот брег.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Испружени сме еден кон друг - јас на едниот ти на другиот брег на реката Чекајќи ги звуците на армониката се сторивме ѕуница на вљубените.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И кога седна на брегот да почине забележа едниот брег со другиот брег како си подаваат стебла, како ги префрлаат преку себе, испреплетуваат гранки меѓу стеблата; камењето што го фрлаше тој од дното бреговите го поземаа и го ставаа врз стеблата; посипуваа земја врз нив, и некаде на залез, забележа, тој, бреговите сами го направиле мостето спроти воденицата.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Тој мораше со семејството реално да стигне на другиот брег. На спасоносниот брег на егзилот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но на другиот брег беа засекогаш исчезнати Евреите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И кога во нашата преписка се доближувавме до моето пријателство со големиот француски филозоф Едгар Морен, од балканско сефардско потекло, таа ќе ја изрази својата чувствителност кон сефардската судбина на семејството на Морен, истакнувајќи ја заедничката идентитетна припадност, јас настојував посредно да откријам една од димензиите од нејзиниот еврејски идентитет. & пишував, во едно писмо, дека уште рано, во детството (а тоа го изнесувам и во Времето на козите), кога живеевме во Козар маало на брегот на реката Вардар, често низ Дрвениот мост одевме на другиот брег каде што беше Еврејското маало.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И кога семејството се распарчи вудве, минувајќи ја границата, минувајќи со еден стар дрвен чун од едниот на другиот брег на езерото, таа остана, продолжи во сите нас, додека бевме живи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го препознавам веднаш моето Козар маало, кое реката Вардар го делеше од Еврејското маало, на другиот брег.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На овие мисли ме поттикнаа вашите писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На начинот на кој ја изнесувате оваа епизода, си велам дека вие можеби помислувате дека сте го оставиле смеењето додека бевте дете, во прегратката на вашата мајка сте морале да ја минете ноќта на другиот брег од вашето Езеро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Некои од семејството останаа на другиот брег на езерото, отаде границата, да се довикуваме едни со други во времето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И сега како да беше дојден редот откако се мина границата спасот на семејството да се прерушти на татковата грижа, кој впрочем и го поведе семејството на другиот брег од езерото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И еве по многу години, кога ја снема нашата куќа крај реката, кога таму се пресели едно друго време, на бетон и врева, често во тивките ноќи на истиот простор, кајшто останал само дел од тврдината Кале на другиот брег од реката, само во небото го откривам непроменет некогашниот поредок на ѕвездите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Која блеска најсилно во сеќавањето?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во новата земја, на другиот брег од Езерото, Југославија односно Македонија, Татко нѐ спаси од фашизмот и подоцна од сталинистичкиот комунизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка уште ми кажуваше дека во ноќта кога сме ја минувале со стариот семеен чун невидливата граница на самото Езеро, таа толку силно и длабоко се молела во себе што Бог сигурно одговорил на нашите молитви и ние спасоносно сме стигнале на другиот брег.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред настанокот на аконфексионалната држава, во традиционалното општество, кога основа на единствената заедница на луѓето била нивната заедничка вера и “субјектот” сѐ уште бил поим на политичката теологија, што поданикот не го разликувал од христијанинот, тој раскол бил нужно верски; оној на другиот брег бил припадник на крива вера, а толеранцијата облик на теолошко политичкото допуштање, што на малцинската верска заедница како краен досег на нејзиното признание ⥊ го намет- нувала мнозинската.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Процесот на лаицизацијата на државата, пред да го постави Margina #32-33 [1996] | okno.mk 83 за темел на политичката заедница индивидуалното право на поинакво мислење, го утврди компромисното решение на допуштање на верска и морална заблуда.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во неделите пожолтени од златки и Џиновски пеперутки и сонце кое ги омекнува тревите, Далтон ги носи на риба на другиот брег на реката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Едно попладне тој фати четири пастрмки, Кога сонцето им ја осветли кожата, Сани ги виде нивните виножита.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Политичкото општество можеме да го разбереме како реактивна творба, што настанала по загубата на моралната заедница, потпрена на идентификацијата со традицијата и нејзините морални изрази.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Изгледаа како извезени со црвени монистра.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)