друг (прид.) - брат (имн.)

— Бре аман, жени, шо ве вати бесот? — се бранеше и едниот и другиот брат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури е пресна да а преврлиме, да не се најде некој друг брат да а претера некаде по Тиквешиата долу.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти вчера еден, јас утре друг, некој друг брат другиден трет, така се прават тие работи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- А дали имаш други браќа и сестри? - копкаше Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татко го препознаваше ведриот, крепок глас на нај­ста­риот син, на кој му се придружија потоа и гласовите на другите браќа, исото на целото семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таму, на пожолтената слика на целото семејство направена пред којзнае колку години, важно пред повеќе од половина век, на некој празничен излет, е тој, дете со црни, тркалезни љубопитни очи, во доколенки и куси панталони со платка и прерамки, припиено до мајка си.  „Ова е брат ми, ова другиот брат...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас прв се расплакав, а другите браќа веќе јурнаа кон портата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А татко ми, на крајот, доследен кон своите принципи, не сакаше брат ми да го спречи да стапи во партијата, но потајум во себе страхуваше синот да не се внесе премногу во ветувањата на партијата, по него да тргнат и другите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најстариот брат, откако го заврши средното техничко училиште, хидроградба, веднаш се вработи, а потоа и другиот брат, кој заврши средно ветеринарско училиште, исто така се вработи во една ветеринарна амбуланта, во едно поголемо село во Западна Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ниту Татко, – додаде другиот брат. – За ова што ќе ви раскажам, ни Татко ви не знае.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Доаѓаа и другите браќа, сестрата, верните и приврзани соседи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)