Првиот вторник се тешеше дека може нешто во сарајот ја спречило: караница со другите анами што сигурно ѝ завидуваат, гости што дошле ненадејно од Истамбул: таа во бањата била претпладне и, брзајќи, си отишла порано.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Старата анама, што на млади години сучела баклави за самиот Џеладин-бег, таа беше дојдена уште од петокот со три други анами и до саботата вечер не исправија грб од кр’говите и не ги оставија сукалата од раце.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)