друг (прид.) - му (зам.)

Хрватското општество ќе стане здраво и модерно дури тогаш кога и бившите комунисти и бившите усташи “ќе му се извинат на неутралниот хрватски граѓанин, кому политиката и на едните и на другите му се кршеше од глава”, заклучува на крајот Зоран Кравар.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но гледај: зад ќошето од кошарата некој од ненадеж му се фрли зад грбот, го стисна за вратот, а друг му ја грабна пушката и го тресна по муцката. Полјакот згасна. Потаму - што стана, господ би знаел!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Цепенко го крена со едната рака и го развеа уште повисоко, во другата му блесна кама и...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А другиот му вели: „Што арчиш куршум за тоа гомно?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На друг му претскажа оти по неколку години ќе му никнат златни пердуви како на паун и тој ќе се чувствува како паун, но дека еден ден пердувите ќе му паднат и оти тој ќе остане како голуждрово пиле.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Некој праша како Превер можел да ѝ го знае името кога вели дека не ја ни познавал, а некој друг му одговори со прашање: зарем поезијата мора да се гради на расчистена и логична фактографија?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Татко му секогаш некого судеше, некого осудуваше и тоа свое постојано пронаоѓање и жигосување на мааните кај другите му го пренесе заедно со занаетот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А на другиот му се било случило објавување на песна во дневен весник со голем тираж.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во последните години многу често помислувал дека другите му пречат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама кога ќе ми речеш, Стојна, мислам дека на друг му зборуваш, вели, мислам дека не зборуваш со мене, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Снегот од една страна го топли, вели, а од другата му ја зема топлината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Другиот му рекол: - Е, задоцнивте, браќа, пред вас дојдоа други, му рекол и не оставија ништо за вас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На другиот му истинуваат раните на нозете и болката се шири, пушта жилички што се испреплеткуваат низ сета негова ничкосана снага.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нормално е да мислиш дека на другиот му е најдобро.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Патем на другиот му рекла: Ти оди дома кажи им нека се подготват, ќе дојдат луѓе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
5. ТОЈ УШТЕ И ЛЕБОТ СИ ГО ВИКА ПАПО - та затоа и капата други му ја кројат, којзнае, пак, како би го нарекол стапот чиј удари девет по еднаш се бројат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Со другата му ја беше обвиткал ногата...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Други му велеа да не се откажува, зашто тој потфат има огромно значење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По одморот и појадокот кадијата издаде наредба еден од сејмените, што го познава добро патот и месноста, да излезе напред, а на друг му го даде коњот да го води, бидејќи на надолништето не се јаваше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа едни му завидуваа, други му заблазнуваа, а некои од нив тешко издивнуваа со жедни погледи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш другиот му го подаде револверот, скоро му го тутна в рака.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Некој друг му го одредува местото, намената, значењето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Еднаш на еден му ја запали племната, на друг му го испушти житото од амбарот во калта.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бидејќи “композиторот не е веќе оној кој на другиот му соопштува или покажува нешто”, туку изведувачот презема дел од неговата работа и одговорност во одредувањето на меѓусебните односи помеѓу музичките елементи и параметри, од слушателот се бара сосема нов пристап кон okno.mk | Margina #10 [1995] 33 делото кое настанува пред него.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Едниот имал две покривки, па со едната се покрил, а другата му ја дал на својот сопатник, кој немал со што да се заштити од дождот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Јас и Бреза се стрчавме кон него, му скокнавме околу вратот, Бреза едната рака му ја пикна во џебот од вентијагата за да ги извлече чоколадите што тој неизоставно ни ги носи секогаш кога ќе дојде, а со другата му ги скубеше мустаките.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)