Слушам и други одат, вели, па и јас ќе одам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во искривена линија, чекор в чекор и еден зад друг одат наведнати, задишани.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сара ми кажа дека таа може, со помош на металните апарати што ги имаше околу нозете, сама да чекори, но ако се случи да падне затоа што е анемична, нејзините коски би можеле да се скршат, и затоа секогаш кога чекори некој мора да ја придржува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Честопати ме замолуваше да ја придржувам, па така допрени една до друга одевме од едниот до другиот крај на пространата соба со ѕидови обложени со свила, замислувајќи дека чекориме по некој парк.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Меѓутоа, целата мајсторија се состои во онаа средишна буква што, голема и чудна, непрекинато стои, а од неа сите други одат во други насоки, што јасно ќе го покажеме во следниов пример: Gott ist mein Trost (Господ е мојата утеха).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Од ден на ден, во очај што водат И каде одиш ти и каде другите одат А каде мислата го губи својот пат? (В Мрак, в маглини, в пеплишта ил в Ад...) Сплоти се во едното Космосот е твојот вечен дом а космосот тажачка што ја практикуваш Весели се, живеј, не стивнувај!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)