друг (прид.) - има (гл.)

И едната и другата имаа нозе коишто под стаклото изгледаа како ружини стебленца, а оние на куклата на добрата светлина изгледаа толку проѕирно што се чинеше дека се гледаат нервите што се спојуваат и како раширена пукнатина се пружаат спрема краевите на секоја канџичка. 116 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Жално мое девојче, земи ги за утеха, зашто никогаш веќе нема да бидеш толку убава колку што си сега, ти ќе треба да одиш кај другите, другите имаат за тебе само обични зборови. само /ас имам за тебе песна, но и во песната не можам да го кажам твоето име, треба да го кријам со други имиња, а без него е песната сиротна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Прво сакал веднаш по бродоломот крај чамецот да заплива неговиот труп, но се исплашил од водата (идејата ја искористил во рекламата за Frenzy, кадешто по Темза плива неговиот труп, но тука е секако заменет со кукла), и затоа проблемот го решил така што до чамецот од остатоците од бродот стигнува весник, во којшто меѓу другото има и реклама за брзо слабеење, со вообичаената слика на дебел маж „пред” и на истиот, но ослабен маж „по” (диетата за слабеење) (весникот има и дополнителна драмска функција: со вестите за германските потопувања на бродови да внесе додатна напнатост и страв меѓу бродоломците).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Некои точки на картите беа заокружени, покрај другите имаше и мали, куси белешки запишани со одвај читлив ракопис.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Ние имавме среќа во некои куќи, а во други имавме само несреќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Над аурот имаше едно одајче, сега целото во пајажини и од кое се излегуваше на едно чардаче виснато високо над реката, чардаче до коешто се качуваа надворешни скали и на чиишто други имаше дупка во душемето за понадвор.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дали некој друг има учество во тоа, на кој начин?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како се подготвила за ова постигнување? • Дали би сакале да ми ги објасните околностите во кои се случуваат промените во животот на вашиот син?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во Гнездо имаше соби од кои лудите никогаш не излегуваа – тоа беа соби во кои десетици тела лежеа безживотно, или пак животински се бунтуваа заради ремењата и синџирите со кои беа врзани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во лудилото не постои разлика меѓу она што е во мене и она што е надвор од мене; во лудилото цели светови постојат во мене, а истовремено најсуштествените делови на моето Јас се оттуѓени од мене, тие се таму некаде, не-мои, или мои, ама другите имаат власт врз нив. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие раководци ги прават сите усилби да ги покажат мотивите и самото движење како што им се сака ним; ама работата е оти не само ние, ами и другите имаат разум и очи да видат и да разберат како е вистината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И едните и другите имаат претставници и кај двата пола.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не само тој: другите имале чекани и железни лостови, алат за камен и орудие или оружје за дојденци со мирис на пресни гробови во косите и во брадите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оделе претпазливо кон челната двоколка и не знаеле дали гологлавиот човек со попска мантија под кожувот е мудар советник на туѓоселани или е дневен грозоморник што им смислил стапица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Охо, какво крзно! сиво, како со мраз потфатено!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас се обложувам во Бог знае што, ако некој друг има такво!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таква опасност постоеше особено кога Турците ќе загазеа низ делот од полето што го обработуваа Дамческите, а што не доаѓаше до сфатка, и едните и другите имаа да му заблагодарат само на непознавањето на силите на противникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И сите други имаат свои неволји, фрустрации, несвести, крутости, но јас врз примерот на длабинската интроспекција на сопствената психа најдобро можам да зборувам за нашите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се сеќавам еднаш, што сѐ не ми стави на стомакот, меѓу другото имаше во тоа лук и кромид.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Што ќе им остане? Кого друг имаат?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Едни беа за готови пари, други имаа широки пасишта по чифлизите па им требаа овци, говеда, коњи; на помладите им беа умиштата по убавите и млади Мариовки, а сите заедно го спремаа пеколното клање на старците, жените и децата што не беа за никаква употреба, за кои сејмените, од своја страна, пак, ги водеа јатаганите и гледаа дали се доста остри за да можат да поништат што повеќе нечисти ѓаури и со тоа да си осигураат подобро место во рајот, та кога ќе појдат кај големиот пророк, да има со што да му се пофалат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пол Морисеј и Фред Хјуз во тоа време имаа најголемо влијание на нашиот живот во Фектори и секако, и едниот и другиот имаа своја идеја како би требало да изгледа новата Фектори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Некои се уште ги држеа подигнати инвалидските патерици, други имаа наведнати глави, трети плукаа настрана.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Некои од нив знаат сјајно да работат со ведетите, а други имаат добар нос да откријат непознати.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но кога станува збор за слобода во општес­твото, колку подобро можете да ги примените вашите интенции, толку некој друг има послаби шанси да ги примени своите сопствени желби.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е причината поради која не знам како може да се измери „вкупното количество на слобода во општеството”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но некои нешта треба да се слушнат и од другата страна за да можеш да го споредиш она што го знаеш со она што некој друг имал можност да ти го раскаже.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако дознае дека некој друг имал некаква негова идеја пред неговата да се експонира, тој во главата или некаде на хартија забележува да не го продолжува тој план.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вториот е да ги прифати последиците, колку и да се погубни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако му се посочи некоја книга за која има причина да помисли дека е занимлива, тој ја набавува и ја чита (Витгенштајн, Набоков, МекЛуан).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не е толку тешко да се прегрне сегашниот момент, треба висока свесност за важноста на сегашноста, напуштање на старите навики и хирови, да престанеме да осудуваме и да ги подржувaме работите за кои луѓето толку силно се борат, да научиме да слушаме што другите имаат да кажат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Многу работи можат да се променат на подобро, почнувајќи со една добра мисла и секогаш гласно да кажеме што сакаме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)