друг (прид.) - игра (гл.)

Едни свират, а другите играат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во деновите кога е карневалот во Венеција, некои дојденци од Македонија настрадуваат од дерикожи, други играат оро и се сликаат со полуголи женски, трети купуваат и подаруваат цвеќиња, од што дома би ги изел срам.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција, доселениците од Македонија си ја поткреваат завидливоста, повеќе гледаат отколку што вкусуваат тукашни салати, сирења, вина и кафиња.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)